Бесплатен ПАП на 3 години, курс за лекторирање, првите матуранти од МИГ, образованието на Таравари... Што пишувавме неделава?

Бесплатен ПАП на 3 години, курс за лекторирање, првите матуранти од МИГ, образованието на Таравари... Што пишувавме неделава?

Бесплатен ПАП-тест еднаш на три години: Од МАГО велат дека се препорачува ХПВ-тест, ХПВ-вакцинација и редовни прегледи на гинеколог

Пред неколку месеци Министерството за здравство донесе одлука матичните гинеколози да не прават бесплатен ПАП-тест за жените секоја година, туку на секои три години.

Филолошки воведе курс за подготовка за полагање испит за лекторска лиценца: Може да го слушаат и оние што немаат завршено факултет за македонски јазик

Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ објави специјален курс за лекторирање и јазична редакција за подготовка на кандидатите што имаат намера да полагаат испит за добивање лиценца за лектор, но во јавниот повик не беше прецизирано кој сѐ може да се пријави на курсот, односно дали може и некој без завршен факултет за македонски јазик.


Д-р Арбен Таравари е невролог со долгогодишно искуство во Универзитетската клиника за неврологија - Скопје. Дипломирал на Медицинскиот факултет при УКИМ, а специјализирал неврологија и семејна медицина. Докторирал на тема за Паркинсонова болест. Тој е редовен предавач на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, поранешен министер за здравство, од 2017 година градоначалник на Гостивар.



Годинава од Математичко-информатичката гимназија во Скопје (МИГ) ќе излезе првата генерација на матуранти, која брои 32 ученици. Гимназијата беше отворена од страна на државата пред четири години со цел во неа да се образоваат талентирани ученици по математика, информатика и физика. Од прва до четврта година во МИГ учат 182 ученици во пет паралелки на македонски и четири на албански наставен јазик.