Дали некогаш сте се запрашале што значи кратенката лего?

Дали некогаш сте се запрашале што значи кратенката лего?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Неодамна беше прославен Меѓународниот ден на лего-коцките, па затоа е момент да откриеме кое е вистинското значење на ова необично име.

Не е тајна дека лего-коцките се едни од најпопуларните играчки, а првиот патент бил регистриран во 1958 година од данскиот столар Годфред Кирк Кристијансен.

Треба да се напомене дека лего-компанијата е основана од таткото на Годфред, Оле Кирк, во далечната 1932 година, иако се верува дека синот одиграл клучна улога во развојот на дизајнот на познатите коцки.

Првично, коцките биле направени од дрво (подоцна од пластика), а името лего е добиено од комбинацијата на два збора на дански јазик „Leg Godt“, што значи „играј добро“.

Се верува дека Оле Кирк не знаел дека лего на латински значи „склопив“.

Кирк размислувал и за името „легио“ (легии), но на крајот се одлучил за име кое симболизира квалитетна игра и посветеност на развојот на децата преку забава.

Лего е една од најголемите европски компании и најголемиот производител на играчки во светот (по продажба). Од јули 2015 година произведени се 600 милијарди коцки.

Извор: Telegraf.rs
Фото: Freepik