Оглас за врабoтување во Ревизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош

Оглас за врабoтување во Ревизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош

Врз основа на член 35 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19, 14/20, 215/21, 99/22 и 208/24) и Уредбата за спроведување на постапката за вработување на административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 221/24), а во врска со член 20-г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18 и 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 143/19, 14/20 и 208/24) и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 242/24), Агенцијата за администрација објавува

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 233/2026

за вработување на 1 државен службеник од група I, подгрупа I во Ревизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош за следните работни места


1. РЕВ0101Б02002 Помошник на Главниот ревизор за ИПА на сектор за ревизија 5, Сектор за ревизија на програми финансирани од ИПА II за регионална и територијална соработка и програми финансирани од ИПА III од областа на Прекугранична соработка со ИПА земјите и учество во микро регионални стратегии - (Сектор за ревизија 5)(1) извршител(и)
Општи услови
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место,
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
- ниво на квалификациja VI А според Македонската рамка на квалификации, 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/2 или 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1, Високо образование од областа на економските, правните науки, информатичката технологија или друго соодветно образование (Организациони науки и управување (менаџмент), Јавна управа и администрација)
- најмалку 10 (десет) години работно искуство на работи на ревизија или контрола од кои 2 (две) години на раководна позиција
Општи работни компетенции
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
- учење и развој
- комуникација
- остварување резултати
- работење со други/тимска работа
- стратешка свест
- ориентираност кон странките/засегнати страни
- раководење и
- финансиско управување
Посебни работни компетенции
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Дополнителни услови
- со или без уверение за стекнато звање од областа на ревизијата и поседување на возачка дозвола Б категорија
Распоред на работно време
- Работни денови понеделник-петок
- Работни часови неделно 40
- Работно време од 07:30 до 15:30
- Опис за работното време cо почеток на работното време помеѓу 07:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот

Паричен нето износ на плата: 63.205,00 Денари

АПЛИЦИРАЈТЕ!