Која е најдобрата положба за спиење според научниците?

Која е најдобрата положба за спиење според научниците?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Постојат неколку работи во животот што се подобри од добар ноќен сон. И постојат многу полоши. Дури и ако ги следите сите правила - ако го оставите телефонот надвор од спалната соба, ако имате чисти чаршафи, ако си легнете во разумен час, ако ви трае сонот осум часа, вие пак може да се разбудите со чувство на нервоза. Што би можело да не е во ред?

Вашата положба на спиење.


Сите ја знаеме борбата со пронаоѓањето на вистинската положба со која ќе го задоволите вашето тело. Ако наутро станувате нервозни, со болка во телото, тогаш положбата на спиење не ви е правилна. Тоа може да предизвика болка во грбот и во вратот, замор, грчеви во мускулите, нарушена циркулација, главоболки, проблеми со стомакот, па дури и предвремени брчки.

Според експертите за спиење, спиењето на грб е најдобрата позиција. Лежењето на грб во суштина е неутрална позиција, добра за ослободување од болки од кои можете да страдате во текот на денот. Бидејќи вашата глава е подигната на градите, оние што спијат на грб имаат помала веројатност да добијат киселини во стомакот.

спиење

Сепак, само 8 отсто од луѓето спијат во оваа положба. Другите положби придонесуваат за некои несакани ефекти. На пример, познато е дека спиењето на десната страна предизвикува киселини во стомакот. Теоријата вели дека мускулот од вашиот хранопровод е олабавен во оваа положба, па се олеснуваат киселините во вашиот стомак. Без разлика дали е десно или лево, спиењето на страна е најчестата положба за спиење меѓу луѓето и може да предизвика болки во рамото и во колковите.

Најлошата положба за спиење е на стомак. За оние што ја избираат оваа положба, спиењето на стомак врши притисок врз целото тело и ја зголемува веројатноста за будење со вкочанетост и болки во зглобовите.

Ако ниту една положба не одговара за вас, тогаш експертите предлагаат да поставите перници на сите страни и перници под вашите колена. Ова ќе ви помогне да ја пронајдете положбата и да не се будите во средината на ноќта.