CoLab 2026 на УКЛО - иднината на храната се гради преку наука, соработка и одговорен пристап кон ресурсите
Со успешно реализираниот четврт колабораториум на УКЛО КОЛОРС, уште еднаш е потврдено значењето на соработката меѓу науката, индустријата и општеството во градење одржлива иднина. Под мотото „Од нуспроизводи до функционална храна – Одржливи пристапи за здравјето на потрошувачите“, CoLab 2026 обедини експерти, истражувачи, студенти и претставници од индустријата и академската заедница, создавајќи простор за отворен дијалог и размена на знаење за:одржливо управување со прехранбени нуспроизводи, развој на функционална храна со додадена вредност, циркуларна економија во агро-прехранбениот сектор, иновации за подобро јавно здравје и одржлива исхрана.
Во текот на дводневниот настан од 12–13 мај 2026 година, во Колаборативниот простор во СИЦ на УКЛО, беа презентирани современи европски практики и научни достигнувања од реномирани професори и истражувачи, меѓу кои и гости од University of Jan Dlugosz in Czestochowa и University of Castilla-La Mancha, кои дадоа значаен придонес во темата за намалување на отпадот од храна и развој на нутритивно вредни производи.
Во првиот работен ден беа презентирани современи научни и стручни согледувања од: проф. д-р Елена Јошевска, проф. д-р Гордана Димитровска од ФБН, м-р Билјана Марковска од ВМШ како и проф. д-р Јануш Капушњак од University of Jan Dlugosz in Czestochowa и проф. д-р Амаја Залакаин Арамбуру од University of Castilla-La Mancha. Презентациите опфатија европски практики и научни достигнувања поврзани со намалување на отпадот од храна и развој на нови, нутритивно збогатени прехранбени производи.
„Колабораториумите се начин преку кој Алијансата ги вoспоставува сите активности и соработки помеѓу членките. Носители се две наши респектабилни членки - Факултетот за биотехнички науки и Високата медицинска школа, кои се меѓу првите четири коишто учествува во активностите на Алијансата“ - рече на отворањето на настанот проректорот за финансии и развој на УКЛО, проф. д-р Јове Димитрија Талевски, кој воедно е раководител на УКЛО КОЛОРС. Особено значајна беше и посетата на лабораториите на Факултетот за биотехнички науки – Битола, каде учесниците директно се запознаа со процесите за изработка на функционална храна.
Во рамки на тркалезната маса, отворени сe бројни прашања и идеи кои ќе бидат основа за понатамошна работа. Од нив ќе произлезат конкретни предизвици и идеи кои студентите, заедно со своите ментори ќе продолжат да ги развиваат во форма на проектни задачи, дипломски, магистерски трудови и докторски истражувања, со силен фокус кон одржливоста, иновациите и здравјето - истакнува академската раководителка на УКЛО КОЛОРС, проф. д-р Рената Петревска Нечкоска. Според неа, остварена е целта на настанот - да се овозможи присуство на што повеќе засегнати страни на едно место и да се зајакне соработката меѓу академијата и реалниот сектор. Колабораториумот уште еднаш ја потврди својата улога како платформа што ја премостува границата меѓу академијата и реалниот сектор, во духот на „четирикратниот хеликс“ – поврзување на образованието, бизнисот, граѓанскиот сектор и институциите. CoLab 2026 покажа дека иднината на храната се гради преку наука, соработка и одговорен пристап кон ресурсите.
(Комерцијална објава)