Како да почнеш со штедење уште денес и да имаш повеќе за една година (или за десет)?

Како да почнеш со штедење уште денес и да имаш повеќе за една година (или за десет)?

„Ќе почнам да штедам кога ќе имам повеќе пари“ – Oва е едно од најчестите размислувања кај младите. Но, сè повеќе финансиски експерти укажуваат дека вистината е спротивна: токму штедењето е начинот да се дојде до повеќе пари.
Во услови на динамичен начин на живот, студентски обврски и непредвидливи трошоци, младите ретко имаат можност да издвојат големи суми. Затоа, наместо класичниот пристап „ќе штедам кога ќе имам повеќе“, трендот се менува кон пофлексибилни и реални решенија – да се почне со помал износ, но да се издвојува континуирано.
Она што сè почесто се препорачува е токму пристапот „почни со малку, но почни веднаш“.
Токму затоа, сè повеќе млади бараат флексибилни решенија што ќе им овозможат да штедат без притисок. Во таа насока, Шпаркасе Банка го нуди Vibe On Флекси депозитот за млади – производ дизајниран за оние што сакаат контрола врз своите пари, без строги правила и ограничувања.
Она што го издвојува овој депозит е неговата флексибилност: корисниците можат да уплаќаат средства кога им одговара и во износи што им се достапни, а истовремено имаат можност да ги повлечат средствата кога ќе им затребаат.
Доколку однапред знаеш дека за една година ќе ти бидат потребни пари – на пример, за патување или можеби некаква опрема – логичен чекор е да почнеш постепено да издвојуваш помали суми уште денес, наместо да бараш решение во последен момент.
Практичните совети за штедење стануваат сè попопуларни, особено кај младите што сакаат лесно да воведат финансиска дисциплина во секојдневниот живот.
· Издвојувај мал фиксен износ веднаш по добивање приход (хонорар, плата, стипендија, пари за роденден), наместо на крајот од месецот
· Постави си конкретна цел (на пример, апсолвентска екскурзија за една година или патување во лето), бидејќи токму целта ја прави заштедата „реална“
· Третирај ги заштедените пари како „недопирливи“, освен кога навистина ти се потребни
· Користи флексибилни алатки што овозможуваат пристап до средствата без компликации, како Vibe On Флекси депозитот за млади
Дополнително, Vibe On Флекси депозитот за млади на Шпаркасе Банка не само што нуди практично решение, туку и поттикнува развивање финансиска дисциплина – една од клучните вештини за личен и професионален развој.
Заклучокот е едноставен: не е потребно да се има голема сума за да се почне со штедење. Потребно е само да се направи првиот чекор.

Бидејќи најдобриот момент да почнеш не е „кога ќе имаш повеќе“, туку денес. Дознај повеќе тука.