Управа за финансиска полиција објавува оглас за вработување. Отворени се 3 (три) работни позиции, нето плата до 37.215 денари

Управа за финансиска полиција објавува оглас за вработување. Отворени се 3 (три) работни позиции, нето плата до 37.215 денари

Македонија" бр. 62/05 39/12, 25/13, 187/13, 20/15, 33/15, 72/15 129/15 и 27/16), член 22 од Закон за вработените во јавен сектор Службен Весник на Република Македонија" бр. 62/05 35/18) и член 17 од Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2018 година Службен Весник на Република Македонија" бр 1 96/17), Комисијата за спроведување на постапка за вработување при Министерство за финансии Управа за финансиска полиција, објавува

ЈАВЕН ОГЛАС БР. 02/2018
за вработување во Управата за финансиска полиција

Управата за финансиска полиција има потреба од вработување на неопределено време со полно работно време за 2 извршители, за следните работни места:

Финансиски полицаец - Самостоен инспектор за компјутерски криминал и дигитална форензика за ниво Б1 шифра ФИН 02 08 Б01 001, Еден (1 извршител, со основна плата во нето износ од 37. 215, 00 денари,

Финансиски полицаец - Виш инспектор за компјутерски криминал и дигитална форензика за ниво Б2 шифра ФИН 02 08 Б02 001: Еден (1) извршител, со основна плата во нето износ од 34. 534, 00 денари.


Општи услови
државјанин на Република Македонија, психофизички здраво способно лице) и со предиспозиции за вршење на работите на финансиски полицаец, ниво на квалификации VI A според националната рамка на високообразовните квалификации, најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен V1I/1 степен од областа Компјутерска техника и информатика, Електротехника, Информатика, активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, познавање на англиски јазик преку поседување на уверение од меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението АЛТЕ на европските тестатори на ниво Б2, нивото на CEFR односно ИЕЛТС со 5-6 бода, ФЦЕ, БЕК В, ИЛЕК, ИКФЕ, БУЛАТС или ТОЕФИЛ ПБТ најмалку 500 бода, ТОЕФИЛ ЦБТ најмалку 175 бода или ТОЕФИЛ ИБТ најмалку 60 бода, не постар од 5 години и најмалку три години работно искуство во струката.

Посебни услови
поседува безбедносен сертификат на класифицирани информации од најнизок степен строго доверливо, односно со безбедносна проверка да е утврдено дека не постои безбедносен ризик од вработување на лицето со степен на класифицирани информации од најнизок степен строго доверливо.

Заинтересираните кандидати потребно е да достават:
уверение за државјанство на РМ, лична биографија CV) не поголема од 5 страни со задолжително наведен контакт телефон и адреса,
мотивационо писмо од најмногу 500 зборови, диплома за завршено образование, доказ за англиски јазик согласно бараните сертификати, доказ за познавање на бараните компјутерски вештини, извод од ПИОМ за доказ на бараното работно искуство (период евидентиран во агенцијата за вработување како работен стаж).

Проверката на работните способности за вработување во Управата за финансиска полиција на избраните кандидати, ќе се изврши од страна на определена здравствена установа пред склучување на договорот за вработување, a согласно Правилникот за начинот за проверка на работните способности за вработување во Управата за финансиска полиција бр. 0228652/1 од 21. 08. 2014 година.

Управата за финансиска полиција ќе врши безбедносна проверка на избраните кандидати за финасиски полицаец пред склучување на договорот за вработување, по претходно дадена писмена согласност од страна на кандидатите, врз основа на што на кандидатот ќе му биде издаден безбедносен сертификат за класифицирани информации со најнизок степен строго доверливо. Кандидатот што ќе ја одбие безбедносната проверка ќе се смета дека не ги исполнува условите за засновање на работен однос во Управата.

НАПОМЕНА: Предвиденото вработување за работно место од точка 1 е за Албанец(ка) 1, a за работно место од точка 2 е за Турчин(ка) 1. согласно годишниот план на инетитуцијата за 2018 година.

Управата за финансиска полиција има потреба од вработување на определено време за период од 1 година со полно работно време за 1 извршител, за следното работно место:

2. Помлад референт благајник за ниво Г4 шифра УПР01 01 Г04 000, Еден (1) извршител. основна плата во нето износ од 12. 680 денари.

Општи услови:
да е државјанин на Република Македонија, активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место, со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност,

Посебни услови:
да има завршено V A или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо образование, средно гимназиско образование, средно стручно образование економска или правна струка, активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски), поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европеки тестатори на Al (А1) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно БУЛАТС или Аптис; или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 310 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 35 бода или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 10 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ, или Гете сертификат, со или без работно искуство во струката.

Општи работни комепетенции на основно ниво:
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг, учење и развој, комуникација, остварување резултати, работење со други/тимска работа, ориентираност кон странките/засегнати страни и финансиско управување

Заинтересираните кандидати потребно е да достават:
уверение за државјанство на РМ, медицинска потврда дека лицето е психофизички здраво, потврда дека не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност, доказ за познавање на бараните компјутерски вештини, доказ за англиски јазик согласно бараните сертификати, диплома за завршено образование, лична биографија CV) не поголема од 5 страни со задолжително наведен контакт телефон и адреса, со или без работно искуство во струката.

Горенаведените документи потребно е да се достават во оригинал или копија заверена на нотар.

Пријавите со потребните документи да се достават до Архивата на Управата за финансиска полиција или преку пошта на следната адреса:
Управа за финансиска полиција
Ул. Кеј Димитар Влахов бр. 4 кат 4. 1000 Скопје
со назнака: за "ЈАВЕН ОГЛАС БР: 02/2018"

Рокот за доставување на потребната документација изнесува пет (5) работни дена, сметано од денот на објавување на јавниот оглас во дневниот печат.

Ненавремена, нецелосна и неуредна документација, нема да биде предмет на разгледување од страна на Комисијата за вработување во Управата за финансиска полиција.

По извршената селекција на пријавените кандидати кои доставиле уредни пријави за работното место, ќе биде спроведено интервју во просториите на Управата за финансиска полиција. Управата за финансиска полиција ќе изврши избор за двајца (2) извршители Финансиски полицаец во рок согласно со член 39 од Законот за финансиска полиција и за еден (1) извршител Помлад референт во рок во рок согласно член 23 од Законот за работните односи.

Почетокот и завршетокот на дневното и неделното работно време за еите огласени работни места е утврден влез од 08:00 до 08:15 часот излез од 16:00 до 16:15 часот, од понеделник до петок.