162 новозаразени со коронавирус во Македонија

162 новозаразени со коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа се направени 778 тестирања, а регистрирани се 162 нови случаи на Ковид-19, соопшти Министерството за здравство.

Новозаразените се од:

- Скопје - 92
- Куманово - 3
- Дебар - 5
- Штип - 1
- Прилеп - 2
- Тетово - 32
- Струга - 3
- Охрид - 4
- Гостивар - 2
- Гевгелија - 1
- Струмица - 1
- Крива Паланка - 1
- Свети Николе - 1
- Ресен - 14

Починати се 9 лица, три од Скопје, еден од Прилеп, два од Тетово, еден од Струга, еден од Велес и еден од Гостивар. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починале две лица, пациент од Тетово (62 год.), хоспитализиран еден ден на клиниката и пациент од Скопје (62 год.), хоспитализиран пред три дена.

Во ГОБ „8 септември“ починаа пациент од Скопје (69 год.) примен на 13 јуни, пациентка од Скопје (73 год.) примена на 2 јуни и пациентка од Велес (70 год.) хоспитализирана на 2 јуни.

Во болницата во Прилеп починала пациентка на 81 година, хоспитализирана на 11 јуни. Во болницата во Тетово почина пациент (59 год.), во болницата во Охрид почина пациент од Струга (69 год.) а во болницата во Гостивар на пациентка (58 год.) која починала на 11 јуни, позитивниот резултат на Ковид е докажан постмортем.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрирал петмина оздравени пациенти и тоа во:

- Скопје - 2
- Прилеп - 2
- Тетово - 1

До овој момент лабораторијата на Жан Митрев (Филип Втори) не пријавил тестирања во Институт за јавно здравје. Доколку стигнат, ќе бидат објавени во следниот извештај.

Досега во земјата се направени вкупно 43.040 тестирања на Ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Од Министерството истакнуваат дека вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.057, бројката на оздравени пациенти е 1.710, на починати е 188, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.159.