Индивидуално приспособена програма за секој студент - интервју со Игор Илиевски од КОД МАСТЕР

Индивидуално приспособена програма за секој студент - интервју со Игор Илиевски од КОД МАСТЕР

Разговор со Игор Илиевски, магистер по компјутерски науки, дипломиран информатички инженер на факултетот ФЕИТ. Тековно работи како CTO и софтвер-архитект, со повеќе од 15 години искуство во индустријата, а покрај тоа над 10 години активно е вклучен во процесот на едукација на нови кадри со држење предавања, тренинзи и обуки. Разговорот е околу ИТ-академијата КОД МАСТЕР.

Која беше причината за создавањето на КОД МАСТЕР?

Како предавач во изминатите 10 години, имав можност да го следам развојот на стотици студенти и притоа да ги увидам предизвиците, пречките, но воедно и предностите со кои се соочуваат. Од друга страна, како вработен во ИТ-индустријата многу години, имав можност да воочам кои вештини и знаења се потребни за да се биде компетитивен и успешен во самата индустрија.
Заедно со тимот идентификувавме можност за унапредување на целокупниот едукативен процес. Креиравме програма која овозможува ефикасна едукација на нови потенцијални професионалци и тренинг. Успехот го постигнуваме преку решавање реални проблеми/предизвици и најважно од сѐ, целосно индивидуализирана програма затоа што увидовме дека нејзиниот недостиг е најголема пречка за достигнување на потенцијалот.
Накратко, КОД МАСТЕР академијата е создадена од ИТ-индустријата за ИТ-индустријата.



Велите дека нудите индивидуално приспособена програма, дали тоа ќе го добие секој студент?


Да, со новината што ја воведуваме овозможуваме секој студент да добие приспособена програма за изучување согласно неговите предиспозиции, знаења и преференции. Со ова ќе се искористи максималниот капацитет на студентите и тие лесно и брзо ќе влезат во професионалниот свет на најатрактивната индустрија во глобални рамки.

Дали би сакале да ни објасните што точно значи индивидуално приспособена програма и како се одвива таа?


Секако, тоа значи дека од сам почеток го следиме секој студент посебно. Од тие причини наставата се изведува под водство на ментор и тренер, а групите ни се со мал, ограничен број на луѓе. Како што тече академијата, секој студент добива различни предизвици и додатни едукативни материјали во зависност од неговите предиспозиции, потреби и желби. Го насочуваме и обучуваме во полето каде што најбрзо и најефикасно може да се реализира како професионалец. Предизвиците што ги добива се дел од практична работа на реални проекти за некоја/и од нашите соработнички компании, пак, зависно од тоа кон што ќе се насочува.



Што треба да исполнува кандидатот за да стане дел од вашата академија и дали е потребна некаква подготовка, односно предзнаење?

За да стане дел од нашата академија, кандидатот треба да има, пред сѐ, солидно познавање на англискиот јазик. Исто така, многу е важно кандидатот да има желба, мотивација, амбиција и се разбира да може да издвои доволно време што ќе го посвети на учење. Предзнаење од програмирање не е потребно. Студентот прво ќе добие претпрограма која ќе го спреми за непречено следење на наставата.

Нудите повеќе програми, како кандидатот би знаел за која да се одлучи доколку нема предзнаење?

За тоа нудиме бесплатно кариерно советување. На нашата страница може да се закаже бесплатно советување, ние ќе ги исконтактираме и повикаме на разговор каде што ќе ги дадеме сите потребни информации, ќе извршиме одредени тестирања и заедно ќе заклучиме каде би се насочиле понатаму.

Како студентите би ја следеле наставатa?

Наставата ќе можат да ја следат онлајн, со физичко присуство или комбинирано, зависно од желбите и можностите на студентот. Секое предавање е снимено и студентот има пристап до него. За време на обуката, студентот ќе има можност да учествува на хакатони и да се докаже на нив, како и да присуствува на бесплатни додатни предавања од гостински предавачи. По секој курс ќе следува тестирање за да бидеме сигурни во напредокот и знаењето на секој студент индивидуално. И како што веќе споменав, ќе добива практична работа на предизвици од нашите соработнички компании.



Со што би се стекнал студентот по завршувањето на академијата?

Студентот би се стекнал со 6+ засебни дипломи, зависно од тоа на која програма присуствувал, како и еден сертификат за успешно завршување на академијата. Подетално може да се види на нашата официјална веб-страница. Ќе има изработено портфолио со проекти изработени за време на академијата, спремање за интервју за работа, како и препорака во нашите соработнички компании. А доколку сепак се одлучи за фриленс работа, ќе добие соодветна обука за креирање профили и работење на фриленс платформи кои исто така се наведени на нашата веб-страница. Сите заинтересирани може да дознаат повеќе како до кариера во ИТ-индустријата на следниот ЛИНК.

(Комерцијална објава)