Колку е голем биткоинот во споредба со најголемите светски компании?
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Во мај 2025 година биткоинот достигна највисока вредност од 111,814 долари, обележувајќи историски пресврт во неговата вредност.
Инфографиконот прикажан подолу ја споредува вредноста на биткоинот со најголемите јавно тргувани компании, истакнувајќи ја неговата нова позиција меѓу глобалните џинови. Криптовалутата сега е во првите пет средства според пазарна капитализација.
Податоците за оваа визуализација се преземени од „Коинмаркеткап“ и „Јаху фајнанс“. Во неа се рангирани најголемите компании и биткоинот според пазарната вредност заклучно со јуни 2025 година.
Биткоинот го надмина „Алфабет“
Биткоинот ги претекна големите имиња како „Мета“ и „Тесла“ и сега има пазарна вредност од 2,1 билиони долари, што е приближно еднакво со вредноста на „Алфабет“.

Фото: Visual Capitalist
Појавата на повторен интерес од институциите и политичката поддршка за законодавството за криптовалути се главните двигатели на овој пораст. Поддршката на претседателот Трамп за предлог-законот за стабилни дигитални валути беше клучен фактор за дигиталните средства во 2025 година.
Технолошките компании сочинуваат осум од десетте највредни средства на глобално ниво, меѓу кои се „Мајкрософт“, „Епл“, „Амазон“ и „Мета“. Дури и „Тесла“ и „Броудком“, иако помали, сè уште имаат вредности од над еден трилион долари.
„Нвидија“ е највредната компанија во светот со пазарна вредност од 3,5 билиони долари. Нејзината доминација е одраз на тековниот бум на вештачката интелигенција и ентузијазмот на инвеститорите за високоперформансни компјутери. Во моментов, чиповите на „Нвидија“ се клучни за речиси сите поголеми иновации во областа на вештачката интелигенција, што ѝ дава огромна предност пред конкурентите.
Извор:
Visual Capitalist
Фото: Visual Capitalist