Развиена терапевтска вакцина за болести предизвикани од ХПВ

Развиена терапевтска вакцина за болести предизвикани од ХПВ

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Болестите предизвикани од хуман папиломавирус (ХПВ), како што е карцином на грлото на матката, може да имаат нова опција за третман благодарение на технологијата развиена од истражувачите во „Имунотера sолучоес tерапеутикас“, стартап базиран во Сао Пауло.

Научниците развиле терапевтска вакцина заснована на рекомбинантен протеин наречен „Терах-7“, кој е способен да го стимулира имунолошкиот систем за борба против карциномот предизвикан од ХПВ.

- Ние развивме терапевтска платформа за вакцини од молекула што може да се приспособи за лекување на други заболувања, како што се рак на простата и дојка. Имаме и други имунотерапии во нашиот план, вклучувајќи ги и оние за зика, денга и чикунгуња треска - велат истражувачите.

Молекулата е откриена за време на постдокторски проекти на Институтот за биомедицински науки при Универзитетот во Сао Паоло. Во текот на изминатите неколку години претрпел неколку подобрувања за да се постигне оптимизирана верзија. Преку ин витро тестови со животински и човечки клетки, како и ин виво тестови со експериментални животни, истражувачите откриле дека молекулата може да регресира тумори или болести поврзани со ХПВ и да спречи повторување и метастази.

- Сфативме дека молекуата може да го активира имунолошкиот систем и во животински и во човечки клетки, како и во регресивни тумори кај експериментални животни. Друго откритие за време на овие испитувања беше дека молекулата покажува синергизам со хемотерапија, што е стандарден третман за карцином на грлото на матката предизвикан од ХПВ - истакнале истражувачите.


Трансфер на технологија

Развојот на биолошки производ е комплексен во однос на регулаторните сертификати и технолошките предизвици.

- Очекуваме да ги завршиме неклиничките студии за токсичност до 2027 година за да можеме да започнеме со клинички студии, за да ги потврдиме безбедноста и ефикасноста на терапевтската вакцина кај пациенти со неоплазми на грлото на матката - додаваат истражувачите.

На крајот на овој процес, истражувачите имаат намера да ја лиценцираат и пренесат технологијата, по можност во мултинационална фармацевтска компанија која може да произведе и пласира молекула во големи размери.

Извор: medicalxpress.com

Фото: Freepik