Историска фотографија од галактичкиот центар

Историска фотографија од галактичкиот центар

Подготвил: Билјана Арсовска

Сега можете да го видите центарот на нашиот галактички дом, Млечниот Пат, сликан од 64 радиотелескопи во дивините на Јужноафриканската Република.

Научниците објавија слика за да го најават завршениот радиотелескоп „MeerKAT“. Ова е дел од уште поамбициозен проект: Стројот од километар квадратен (СКА), кој е заеднички напор за изградба на најголемиот телескоп во светот, кој би ги опфаќал континентите Африка и Австралија.

На сликата подолу може да се видат филаменти на честички, структури кои се чини дека постојат во согласност со централната црна дупка на галаксијата. Не е јасно што ги предизвикува овие филаменти. Можеби тие се честички исфрлени од страна на црна дупка која се врти; можеби тие се хипотетизирани „космички жици“, а можеби и не се единствени и има и други, слични структури кои чекаат да бидат најдени, истакнаа од Центарот за астрофизика Харвард-Смитсонијан.

-Оваа фотографија според мене е одлична бидејќи фините филаменти што се гледаат на радио фотографијата се одлични трагачи на галактичкото магнетно поле, нешто што не можеме да го видиме во повеќето оптички и инфрацрвени податоци. Податоците со висока резолуција како овие ќе помогнат во проучувањето на галактичките магнетни полиња и како тие би можеле да бидат важни за еволуцијата на галаксијата - истакна Ерин Рајан, истражувач.

Фото: Gizmodo

Секој од 64-те радио-приемници на „MeerKAT“ е радио антена висока 44 стапки. Тие собираат радио-бранови од космички извори (како центарот на галаксијата) со временска ознака, ги претвораат во дигитални информации и ги испраќаат на централна локација. Информациите потоа се поврзуваат заедно со една слика.

Медиумите известуваат дека „MeerKAT“ чини повеќе од 330 милиони долари, а цената на големиот проект сѐ уште не е одредена.

Таков телескоп би можел да има многу важни употреби: можеби може да ја измери историјата на експанзијата на Универзумот за да помогне да се разбере мистериозната темна енергија.

Има многу космички мистерии што треба да се решат и некои од одговорите може да потекнуваат од огромна низа антени во Јужна Африка и Австралија.