Видео што го освои Јадранот - делфин се дружи со луѓето и игра со топка во морето

Видео што го освои Јадранот - делфин се дружи со луѓето и игра со топка во морето

Жителите и посетителите на Масленица долго ќе го паметат ова лето благодарение на еден разигран делфин. Овој жител на Јадранското Море веќе неколку дена доаѓа во близина на омилената плажа во Масленица и се дружи со туристите.

Особено му се допаѓаат децата и топката со која си играат. Видео објавено на социјалните мрежи покажува како во еден момент делфинот ја зема топката од децата и, на нивно огромно воодушевување, продолжува да си игра со неа.

Делфинот, на кој локалните жители му го дале името Оливер, не е непознат гостин во овие води. Според сведоштва на жителите, тој со години се појавува во близина на плажата во Масленица и често им приоѓа на капачите. Некои мештани велат дека го гледаат повеќе од 20 години и дека со текот на времето станал вистинска атракција за посетителите.

Иако ваквото однесување може да ги поттикне децата и возрасните дополнително да му се приближат на делфинот, експертите предупредуваат дека тоа може да доведе до несакани последици. Ако делфинот сам им се приближи на луѓето, најдобро е да останат мирни и да не поттикнуваат дополнителен контакт.

@rux_0604_7.5r #more #dupin #croatia #maslenica #viralvideos ♬ Originalton - EVE Croatia
Од Институтот „Плави свијет“ истакнуваат дека делфините не смеат да се хранат, допираат или луѓето да се обидуваат да пливаат со нив бидејќи станува збор за диви животни кои се исклучително силни и никако не треба да се третираат како домашни миленици.

- Присуството на пливачи со текот на времето може да го намали стравот на делфините од луѓето. Така ќе се зголеми можноста за судири на животните со бродови или заплеткување во мрежи, но и можноста за намерно вознемирување бидејќи животните почесто и помалку внимателно ќе им се приближуваат на бродовите - предупредуваат од Институтот „Плави свијет“.

Извор: Tportal.hr
Фото: Screenshot/X