Најуникатните универзитети во светот нудат учење на тропски остров, на мраз и во Бермудскиот триаголник

Најуникатните универзитети во светот нудат учење на тропски остров, на мраз и во Бермудскиот триаголник

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Идните студенти често го одбираат факултетот поради квалитетот, локацијата или репутацијата. Следниве универзитети ги примамуваат студентите со нивната уникатност.

Универзитет на Арктикот

Универзитетот претставува мрежа од институции на северот од планетата која опфаќа 24 временски зони. Оваа институција нуди нешто за секого. Институција која привлекува внимание е Меѓународниот центар за ирвасите, во кој може да дознаете сè за овие животни.



Бермудски колеџ

Колеџот се наоѓа на остров кој ѝ припаѓа на територијата Бермуда во Атлантскиот Океан. Она што го прави овој факултет интересен е патувањето низ Бермудскиот триаголник, кое е вклучено во студиската програма.

Универзитет во Јужен Тихи Океан

Не е лесно да се најде универзитет со кампуси кои се толку оддалечени што е потребно летање за да се стигне од еден до друг. Овој универзитет има 14 кампуси кои се лоцирани на повеќе острови. Универзитетот нуди многу различни курсеви во релаксирана атмосфера.



Меѓународен вселенски универзитет

Иако не се наоѓа во вселената, студентите на овој универзитет учат напорно за да ја напуштат сегашната локација во Франција и да отидат во вселената. На универзитетот предаваат некои од најголемите лидери во областа и астронаути.



Автор: Џуди Нелсон
Извор: unusualplaces.org