Ако ја решите оваа загатка за 10 секунди, тогаш вашиот мозок е прилично остар

Ако ја решите оваа загатка за 10 секунди, тогаш вашиот мозок е прилично остар

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Визуелната загатка на „Тик-ток“ ги збуни корисниците околу она што треба да изгледа како едноставен одговор.

10 моливи се наредени на биро во четири групи со простор меѓу нив. Најлевата група има четири моливи, потоа три, па два и на крај, еден молив.

Загатката бара од вас да поместите еден молив за да го смените редоследот на моливите така што најдесната група треба да има четири моливи, а најлевата група треба да има само еден молив.

Решението може да биде полесно за луѓе кај кои доминира левата страна од мозокот.
@alister_payne #DisneyPlusVoices #fyp ♬ Under Pressure - Remastered 2011 - Queen
Решение: За да ја решите загатката, поместете го вториот молив од левата група на празниот простор помеѓу парот од два моливи и самиот молив. Бројот на моливи во секоја група ќе се зголеми од еден на четири.

Способноста на една личност да размислува со просторно расудување е дел од тоа колку лесно може да го најде решението.

Децата обично прво се изложени на просторно расудување користејќи играчки за сортирање форми со штипки и соодветни дупки. Тоа е вештина која може да се подобри.

Вештините за просторно расудување се користат и во секојдневниот живот, вклучително и при читање мапи, склопување мебел или уреди и при вежбање или спортување.

- Просторното расудување е клучно за успех на учениците, особено во раните математички вештини. Во подоцнежните одделенија тоа е вештина за упорност во инженерството, хемијата, геонауката и другите СТЕМ-науки (Science, technology, engineering,  mathematics).

Извор: Nypost.com
Фото: Screenshot/Tiktok