Документарни филмови од кои може да се информирате за климатските промени

Документарни филмови од кои може да се информирате за климатските промени

Подготвил: Драгана Петрушевска

Земјата станува сè потопла, а поради климатските промени сè почести се и природните катастрофи. Затоа, важно е да се биде информиран за климатските промени и за последиците од нив, без разлика колку е тешко да се соочиме со реалноста.

Во продолжение следуваат неколку предлози за документарни филмови за климатските промени кои ќе ви помогнат да се информирате на темата.

„2040“

Како би изгледал светот за 20 години ако ги искористиме постоечките технолошки решенија за да се бориме против климатските промени? Овој документарен филм го одговара ова прашање.


„Наша планета“ (Our planet)

Оваа серија на Дејвид Атенбороу ги истражува деловите од Земјата кои се погодени од растечкото морско ниво и другите проблеми кои ги носи глобалното затоплување.


„Оган во рајот“ (Fire in paradise)

Филмот ги опишува искуствата на жители на Калифорнија кои преживеале пожар кој однел 85 животи и предизвикал штета од 16,5 милијарди долари.


„Јас сум Грета“ (I am Greta)

Сигурно веќе знаете која е Грета Тунберг. Младата активистка се бори за позначајни мерки за климатските промени од нејзина 15-годишна возраст. Овој филм објавен во 2020 година дава личен поглед на активностите што ги преземала Грета.


„Големиот зелен ѕид“ (The great green wall)

Африка има амбициозен план да засади цел ѕид од дрвја долг 8.000 километри. Овој проект е фокусот на овој документарен филм.


„Пред поплавата“ (Before the flood)

Леонардо Ди Каприо се обидува да му го привлече вниманието на светот во овој документарен филм кој ги охрабрува сите да признаат дека не знаат доволно на темата и да се одлучат да се образоваат.


„Антропоцен: Човековата епоха“ (Anthropocene: The human epoch)

Научниците сметаат дека веќе сме во нова епоха во која човековите активности целосно ги смениле и одредиле природните системи на планетата. Ова е темата која е инспирација за овој документарен филм.


„Климатски бегалци“ (Climate refugees)

Овој документарен филм е за начинот на кој луѓето, градовите и цели земји се селат и поместуваат поради растечкото ниво на морето и природните катастрофи.


Извор: Mashable
Насловна фотографија: Pixabay