Мозокот кај оние што одложуваат и кај оние што ги завршуваат работите е различен

Мозокот кај оние што одложуваат и кај оние што ги завршуваат работите е различен

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Мечтаењето е важно, меѓутоа, не треба многу да мечтаете, покажува неодамнешното истражување спроведено од истражувачите на Рур-Универзитетот Бохум откако ги анализирале МРИ-скенирањата на 264 лица. Тие велат дека мозокот се разликува меѓу оние што ги реализираат работите и оние што ги одложуваат.

одложување
Фото: Creative Commons


Амигдалата во мозокот ви помага да го процесирате мирисот, да ја складирате меморијата, да го наградите мозокот со допамин и да оценете различни ситуации во однос на нивните исходи. Ако се обидувате да препознаете мирис - ако победите во видеоигра, ако сте несигурни дали би вредело да одите на концерт - сето ова поминува низ вашата амигдала. Исто така, постои и дорзалниот преден цинглуларен кротекс. Овој дел од мозокот има улога во крвниот притисок, отчукувањето на срцето, вниманието, очекувањето за награда, контролата на импулсот, емоциите и - донесувањето одлуки.

Корисно е да се има разбирање за овие два дела на мозокот кога ќе откриете дека индивидуалците со слаба контрола на акциите имаат поголема амигдала и дека функционалната врска помеѓу амигдалата и дорзалниот преден цинглуларен кортек е помалку изразена. Овие резултати го навеле Ерхан Генк, кој бил дел од истражувачкиот тим, да претпостави дека поединците со поголем обем на амигдалата може да бидат поанксиозни за негативните последици од акцијата, со што имаат тенденција да се двоумат и да ги одложуваат работите.