Нови антибиотици што можат да убијат бактерии што се отпорни на антибиотици?

Нови антибиотици што можат да убијат бактерии што се отпорни на антибиотици?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Моментално, новата класа е позната како GO775. Но, овој едноставен код може да претставува цела нова линија на лекови што би можеле да им дадат време на научниците да се справат со зголемениот проблем на бактерии отпорни на антибиотици.

Со поставувањето протеин што го блокира процесот на сигнализација, истражувачите создадоа антибиотик што нема да се соочи со отпор.

2
Фото: iStock


Истражувачите од биотехнолошката корпорација „Генентех“ тврдат дека сè уште е рано да се каже кога и дали нивното откритие ќе ја виде светлината на денот. Но, овие видови антибиотици не се создаваат секој ден, и затоа развојот е возбудлив.

Бактериите доаѓаат во два вида - Грам-позитивни и Грам-негативни. Можеме да му се заблагодариме на данскиот бактериолог Ханс Кристијан Грам за разликата; тој првпат направил тест со кој открил декa некои бактерии имаат пурпурна дамка, додека други не.

Додека научниците откриле различни начини за насочување на растот на Грам-позитивните, Грам-негативните и понатаму претставуваат предизвик - според истражувачите на ова најново откритие, двојната мембрана со децении ги засилува напорите да се најдат антибиотици ефективни против Грам-негативните бактерии.

Повеќето патогени што имаат развиено повеќекратна отпорност на антибиотиците исто така спаѓаат на Грам-негативната категорија.

За да создадат ново оружје, истражувачите зеле пример од класата на молекули наречени ариломицини, што веќе покажале потенцијал.

- Најважно, уникатниот дизајн на GO775 и механизмот на интеракција со сигналната пептидаза му овозможуваат на овој молекул да ги заобиколи познатите механизми на отпор, што обично се манифестираат во Грам-негативни бактерии - велат истражувачите.