Земјите во кои наставниците имаат највисока почетна плата
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Во кои земји наставниците на почетокот на нивната кариера земаат висока плата? Во продолжение се дадени 17. земји каде што наставниците во средно образование „влегуваат“ во кариерата со одлична плата и можности за зголемување.
Фото: Bigstock
17. Франција - 31.420 долари
Францускиот задолжителен образовен систем е поделен на три „циклуси“: „école“, „collège“ и „lycée“.
16. Португалија - 32.563 долари
Во Португалија, од градинка до повисокото образование, учениците можат да изберат помеѓу државно и приватно училиште.
15. Костарика - 33.519 долари
Сите ученици во Костарика мора да носат униформи за да се олеснат економските разлики меѓу учениците.
14. Шведска - 36.766 долари
Шведското задолжително образование се состои од четири фази: „förskoleklass“, „lågstadiet“, „mellanstadiet“ и „högstadiet“.
13. Австрија - 37.122 долари
Австријците уживаат бесплатен и јавен образовен систем, каде што девет години образование се задолжителни.
12. Финска - 37.728 долари
Во Финска децата не тргнуваат на училиште до нивната 7. година.
11. Канада - 39.071 долар
Одењето на училиште е задолжително до 16 години насекаде, освен во Манитоба, Онтарио и Нов Бурнсвик каде што возрасната граница е 18 години.
10. Холандија - 39.098 долари
Иако учениците учат на холандски, сѐ поголем број училишта и универзитети започнаа да предаваат на англиски.
9. Австралија - 40.762 долари
Во Австралија постојат три вида училишта: владини, католички и независни/приватни училишта.
8. Шпанија - 41.886 долари
Финансиската криза во 2008 година остави едно од три деца во сиромаштија и како резултат на тоа, Шпанија има една од највисоките стапки на невработеност во Европа.
7. Мексико - 42.816 долари
Повеќето деца во Мексико посетуваат основно образование, но само 62 отсто стигнале до средно образование во 2011 година.
6. САД - 43.556 долари
Само половина од 3-годишните деца во САД биле запишани во градинка во 2011 година, за разлика од речиси 90 отсто од 3-годишните деца во Европа.
5. Данска - 46.784 долари
Данските училишта се бесплатни, а учениците задолжително мора да одат на училиште девет години.
4. Норвешка - 47.313 долари
Постојат голем број интернационални билингвални училишта за деца на имигранти во Норвешка, кои регрутираат наставници од странство.
3. Германија - 61.418 долари
Повеќето од децата во Германија посетуваат јавни училишта.
2. Швајцарија - 69.704 долари
Во Швајцарија постојат 26 кантони одговорни за нивниот задолжителен образовен систем.
1. Луксембург - 79.129 долари
Образованието во Луксембург е трилингвално, а задолжителни јазици е луксембуршкиот, германскиот и францускиот.