МОН: Состојбата со ковид-19 во училиштата стабилна

МОН: Состојбата со ковид-19 во училиштата стабилна

Состојбата со ковид-19 во училиштата е стабилна, со околу 0,02% новозаразени од вкупно 240 илјади ученици на ниво на држава, а според последните информации на Министерството за образование и наука добиени од училиштата, истиот процент е и кај наставниците.

 

Во соопштението на Министерството се истакнува дека во училиштата досега нема трансмисија на заразата. Воедно, се апелира на доследно почитување на здравствените протоколи и одговорно однесување од страна на сите засегнати чинители во воспитно-образовниот процес.

Што се однесува на деталните податоци, нив ги поседуваат надлежните здравствени служби кои ги издаваат решенијата за изолација.