За Владимир Стојаноски, снимател на луксузен крстосувач, Јулијана Ѓоргиевска - тренер на екипаж за познати авиокомпании... Што пишувавме неделава

За Владимир Стојаноски, снимател на луксузен крстосувач, Јулијана Ѓоргиевска - тренер на екипаж за познати авиокомпании... Што пишувавме неделава

Владимир Стојаноски е снимател и монтажер на луксузен крстосувач: „Камерата ми го прошири хоризонтот, но срцето ми е дома“

Сега, по речиси три години на брод, искрено не можам да се пожалам на ништо. Сѐ е многу организирано, однапред знам што ќе работам во следните четири месеци, а ретко нешто може да се измести од планот. Голема предност ми е што не морам да размислувам за секојдневни работи како транспорт, сè ми е блиску и достапно, вели Владимир

Бобан Бошевски и неговиот тим освоија второ место на Интернационалниот натпревар за нови концепти во образованието во Пекинг

Од регионалната победа во Загреб до финалето во Пекинг поминавме низ многу фази на адаптација, конструктивна критика и дообработка. Научив дека секоја идеја, колку и да изгледа добра на почеток, може да се унапреди доколку си отворен за нови погледи и соработка, вели Бобан Бошевски, кој учествуваше на Интернационалниот натпревар организиран од Педагошкиот универзитет во Пекинг и УНЕСКО

Помогнала при породување во авион, па бебето го крстиле по неа - Јулијана Ѓоргиевска од Неготино работи како тренер на екипаж за познати авиокомпании

Не е докторка, но во два наврати помагала при породување. Не во болници, туку во авион. На едно од бебињата како благодарност ѝ било дадено нејзиното име. Работата во авијацијата е стресна и ризична, но знае да биде и радосна. Јулијана Ѓоргиевска, Македонка родена во Неготино, веќе 16 години работи за светски авиокомпании, најпрво како стјуардеса и кабински сервисен директор, а потоа и како тренер за укажување прва помош за време на лет (MedAire Trainer) и распоредувач на екипаж.