Илон Маск го сруши интернетот со лажна вест

Илон Маск го сруши интернетот со лажна вест

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Ако не го следите Илон Маск на „Твитер“, ќе добиете желба да го направите тоа по еден негов урнебесен твит.

Милијардерот објави скриншот од насловна вест од сатирична веб-страница која на шега напишала дека тој ја купил играта „Фортнајт“, со која се опседнати тинејџерите низ целиот свет, само за да ја избрише.

Ако родителите веќе се радуваат на ваквата вест, жално е што таа е лажна.

- Мораше да биде сторено, нема за што - напиша на својот твитер-профил Илон Маск.

Од „Фортнајт“  насловната фотографија од нивниот „Твитер“ е црна, а црна е и заднината. Моментално во живо има видео што се чини дека го означува крајот на „Фортнајт“. Под твитот родителите ги споделуваат реакциите на нивните деца на веста дека „Фортнајт“ повеќе не постои.