Виз ер Скопски маратон ги додели наградите за тим-билдинг трката и штафетниот маратон – ЕУ за спорт

Виз ер Скопски маратон ги додели наградите за тим-билдинг трката и штафетниот маратон – ЕУ за спорт

Вчеравечер во „Брик бар“ се одржа доделувањето на наградите за тим-билдинг трката, која беше дел од трката на 5 км и штафетниот маратон – ЕУ за спорт, кои се одржаа во рамките на овогодишниот Виз ер Скопски маратон.

На доделувањето на наградите беше присутен и амбасадорот на Европската Унија во нашата земја, Дејвид Гир, кој лично им ги додели наградите на најдобрите од штафетниот маратон – ЕУ за спорт.



Штафетниот маратон – ЕУ за спорт беше поделен во три категории, односно во женска категорија, машка категорија и мешани тимови. Наградите за женската категорија беа доделени на денот на маратонот, додека пак наградите за другите две категории беа доделени вчеравечер во „Брик бар“.

Во машка категорија најдобар беше тимот ЗАПС ЕДИНАК АК 7МИ НОЕМВРИ, со што го освои првото место со време од 02:38:50, второто место го доби тимот АК БЕЛАСИЦА, кој ја истрча трката за 02:53:14, а на трето место беше тимот ААК СКОБУЛ со време од 02:54:42.



Од мешаните тимови, првото место го доби тимот TRIOLOGY ACTIVE TEAM, со време од 03:12:28, тимот IPA SKOPJE го освои второто место и истрча за 03:21:42, додека пак третото место го освои тимот FIT HUB BLUE, кој трката ја истрча за 03:28:22.

Во тим-билдинг натпреварувањето во трката на 5 км, во машка и женска конкуренција, првото место го доби тимот ДЕЛТА, на втората позиција се најде тимот NRC - NIKE + RUN CLUB, а третото место го освои тимот на „Пивара Скопје“. Наградите ги додели Даниел Димевски, претседател на МОК.



Евроамбасадорот изрази големо задоволство за можноста и оваа година да биде дел од Виз ер Скопскиот маратон и да даде свој придонес за организирањето и реализацијата, исто така, упати и честитки до организаторите за успешно завршен маратон.

Директор на Виз ер Скопски маратон, Кире Синадиновски, изрази огромна благодарност до сите учесници, кои и оваа година направија Скопскиот маратон да помине во одлична атмосфера. Синадиновски кажа дека организаторите продолжуваат со иста енергија и ентузијазам да работат на стратегијата за наредната година, со што Виз ер Скопски маратон ќе продолжи да биде најмасовен спортски настан на годината во нашата држава. Додаде дека маратонот следната година ќе се одржи на 2 октомври.

(Комерцијална објава)