Во разводот го извлекла подебелиот крај, па одлучила да се одмазди: Погледнете ја куќата што ја изградила од инает

Во разводот го извлекла подебелиот крај, па одлучила да се одмазди: Погледнете ја куќата што ја изградила од инает

„Монтлејк Спајт хаус“ е популарна историска атракција во Сиетл, Соединетите Американски Држави. Станува збор за куќа со многу чудна форма која била изградена во 1925 година во населбата Монтлејк – исклучително е тесна и го имитира изгледот на парче овошна пита.

Предниот дел е широк едвај 1,4 метри и постепено се шири до максимални 4,5 метри. Има две спални соби, дневна соба, две бањи, функционална кујна со сите потребни апарати и трпезарија, а се протега на околу 80 квадратни метри.

Изградена од инает

Се зборува дека е изградена како резултат на мачна бракоразводна парница. Сопругот ја добил постојната семејна куќа, а на жената ѝ припаднал помал дел од парцелата во дворот. Иако ова земјиште не било погодно за изградба на куќа, таа сепак ја изградила за да му го блокира погледот на поранешниот сопруг и да ја намали количината на природна светлина што му влегува во домот.

Во тоа време куќата на сопругот била значително помала, а станала невидлива откако неговата поранешна сопруга се вселила во соседството. Поради локалните приказни, но и поради бизарниот изглед на куќата, таа влезе во локалните легенди.

Во последните сто години е целосно реновирана, а минатата година беше ставена и на пазарот, кога се продаваше по цена од 800 илјади американски долари, односно 715 илјади евра.

Како изгледа внатре, погледнете го јутјуб-видеото:


Извор: punkufer
Фото: принтскрин/јутјуб