40 години откинување карпи мраз од Антарктикот спакувани во нецела минута

40 години откинување карпи мраз од Антарктикот спакувани во нецела минута

Подготвил: Билјана Арсовска

Лектор: Ивана Кузманоска

Манијата со карпите мраз накратко го окупира интернетот откако НАСА објави фотографии од карпата со речиси совршена правоаголна форма. Но, оваа анимација ќе ви ги долови карпите мраз од поинаков агол.

Специјалистите за климатски визуализации - „Пиксел муверс енд мејкерс“ собрале податоци од повеќе од 40 години за миграцијата на карпите мраз и ги спакувале во анимација.

Карпите мраз редовно се формираат кај Антарктикот. Некогаш тие се спектакуларни, а некогаш се анонимни парчиња мраз или, ако се доволно големи, им се даваат имиња од страна на Националниот центар за мраз на САД за да може да се стават на навигациските мапи. Со појавувањето на сателитската технологија во 70-тите години станува полесно да се следат патиштата на ледените карпи околу Антарктикот. И тие податоци се искористени за да се создаде новата анимација, во која се вклучени и именуваните и оние ледени карпи што немаат име, но се доволно големи за да бидат забележани од инструментите.

Погледнете ја анимацијата.