Пракса со полно работно време
АрцелорМиттал е водечки светски производител на челик со
претставништва во повеќе од 60 земји. Присутни сме на пазарот во
Македонија од 2004 година и постојано се стремиме да го
поттикнеме развојот и напредокот на младите кадри преку
практикантска програма во различни области.
Во насока на професионално усовршување на младите,
АрцелорМиттал Скопје нуди пракса со полно работно време во
Одделот за поцинкување и Одделот за здравје и безбедност.
Придобивки:
- 3 месечна практикантска работа со ментор
- континуиран процес на учење и развој на вештини
- покриени трошоци за превоз и храна
- професионална работна атмосфера
- стекнување искуство во меѓународна компанија
Сите студенти (апсолвенти, дипломирани и постдипломци) на
Машински и ФЕИТ кои имаат добри компјутерски вештини, се
комуникативни, тимски ориентирани, сакаат предизвици и се
насочени кон успех, може да го испратат своето CV на
HRJobs.Skopje@mittalco.com, со назнака „Апликација за пракса –
Оддел за кој аплицирате, најдоцна до 30 ноември.“