Поголемото дете ја повторува секоја реченица и секоја постапка на помалото дури и кога двете седат до мене. Што да направам?
Имам две деца на возраст од 6,5 и 4,5 години. Оваа година поголемото дете тргна во училиште и мислам дека оттогаш датира и проблемот. Имено, во последните неколку месеци поголемото дете ја повторува секоја реченица, секоја фраза и секоја постапка на помалото дете. На пример: „Мамо, може да јадеме торта“, прашува помалото дете. За некоја секунда дотрчува поголемото дете со истата фраза: „Мамо, може да јадеме торта“… „Мамо, сакам да бојам“, „Мамо сакам да бојам“ во секундата се повторува иако двајцата седат пред мене. Па почнува однесување како тантруми ако нешто не се дозволи или се постави јасна граница. Ве молам за совет!
Одговорот од психологот прочитајте го на
Деца.мк