Парализирани луѓе контролираат роботи-келнери во јапонско кафуле

Парализирани луѓе контролираат роботи-келнери во јапонско кафуле

Подготвил: Билјана Арсовска

Лектор: Ивана Кузманоска

Технолошките иновации, без разлика во која големина доаѓаат, нудат голем број изненадувачки способности кои овозможуваат подобрувања на квалитетот или на траењето на животот.

Од импланти во 'рбетот до ангажирање асистенти-роботи во операциите на 'рбетот, овие изуми го менуваат начинот на кој размислуваме за повреди што некогаш ни ја менуваа судбината.

Технолошкиот стартап „Ори Лаб“ од Токио реши да ги вработи своите роботи наречени ОриХиме-Д како келнери во едно кафуле. Но, условите за работа се малку различни. Роботите се целосно контролирани од луѓе со повреди на 'рбетниот мозок кои се соочуваат со проблеми со движењето.  

Има десет вработени роботи и сите се високи по 1,2 метар. Тие успешно работат по цела смена.

Без сомнеж, изборот на висината е направен за да им се дозволи на келнерите лесно да служат различни клиенти, без да има грижи за достапност. Во однос на тоа како роботите се контролираат, операциите асистирани од компјутер се извршуваат на далечина, системот одговара на суптилни движења на очите кои се преведуваат во координирање на движењата на роботот.

Тие можат да собираат нешта, да се движат низ кафулето, па дури и вербално да комуницираат со муштериите.

Можеби најдоброто нешто е што операторите добиваат и плата за нивните напори. Компензацијата за еден час е девет долари, што приближно е минималната плата во Токио.

- Сакам да создадам свет во кој и луѓето што не можат да се движат ќе можат да работат - вели извршниот директор на „Ори Лаб“, Кентаро Јошифуџи.