Ако премногу им давате на луѓето, им ја одземате благодарноста без која ќе се чувствуваат празни

Ако премногу им давате на луѓето, им ја одземате благодарноста без која ќе се чувствуваат празни

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Некои луѓе што не веруваат во сопствената вредност имаат тенденција да даваат премногу. Како да сакаат да го компензираат квалитетот со квантитет. Но, премногу, кое е последица од невреднување на самиот себе, се претвора во премалку. Како?

Па, ако тие не го ценат своето давање, како другите ќе го ценат тоа? Покрај тоа, ако нешто постојано ви паѓа на ум, престанувате да бидете свесни за неговата вредност. Се подразбира. Како воздухот.

Кој е свесен за скапоценоста на воздухот сè додека не го почувствува неговиот недостиг? Тој е таму, како да постои заради нас и секогаш ќе биде таму, не бара ништо, само служи… Па, кога го нема, ја чувствуваме неговата животна вредност.

А, некои луѓе, несвесни за сопствените вредности, се однесуваат како воздух. Така, другите губат чувство за нивната вредност, па тие престануваат да бидат свесни за нив, како да не добиваат ништо од таа вредност. Како да се неблагодарни. Како можете да бидете благодарни за нешто чија вредност не ја чувствувате? Она што го добивате на таков начин, толку имплицитно што го губите чувството за неговата вредност, ја губи вредноста и станува премногу мало. Кругот се затвора така што давателот потврдува преку реакциите на другите од она од каде што почнал - дека не вреди.

Човекот не е воздух, тој не е создаден да служи некому, туку да се разменува со други. Оној на кого му служите, ве губи како вредност, му одземате, а не му давате, давајќи му премногу. Го туркате кон неблагодарност со тоа што ќе се обезвредните себеси.

Ако го направите тоа, ја одземате благодарноста без која ќе се чувствуваат празно. А празните луѓе се алчни.

Автор: Небојша Јовановиќ, психолог и психотерапевт
Извор: Detinjarije.com
Фото: Freepik