Најдобрите фудбалски совети од Мурињо во "Top Eleven 2015" новата верзија од најпопуларната видео игра, сега достапна и на IOS и Андроид
„Top Eleven Be a
Football Manager” (единаесетте најдобри – биди фудбалски менаџер), светски
најпопуларната онлајн крос-платформа за спортски видео игри, денес ја лансира
верзијата 2015 која е достапна на IOS и Андроид. Играта има 100 милиони
регистрирани корисници од целиот свет, со 10 милиони активни месечни
корисници .
Креирана од компанијата Nordeus новата верзија може паралелно да се игра на
мобилните уреди и на веб, на насловната страна е менаџерот на Челзи, Жозе
Мурињо, а играта им овозможува на играчите да го одберат својот фудбалски
клуб, да контролираат сè, од тактиката на својот тим, трансферите на клубот, па
до финансиите и исполнетоста на стадионот.
Корисниците се регистрираат преку Фејсбук и ги предизвикуваат нивните пријатели
или други играчи да се натпреваруваат во различни фудбалски шампионати,
пријателски и куп натпревари, со можност се искачат на врвот во светот на
менаџерите, зголемувајќи го сопственото искуство и статусот на нивниот
клуб. Уште повеќе, менаџер на Челзи самиот ќе им даде на новите корисници
инструкции и упатства во играта, ќе ги сподели своите совети и тактички знаења,
за да им помогне на играчите да ги зголемат своите менаџерски искуства и да се
искачат на врвот.
Фановите на „Top Eleven 2015” видео играта ќе ги пречекаат новите промени, со
подобрувања на корисничкиот интерфејс, како и во графиката, во напредокот во
самата игра, и во преговорите за трансфер.
Подобрените функции вклучуваат:
• Нови анимации, 3D дизајн и подобрен кориснички интерфејс што ќе
овозможи извонредно реално искуство.
• натпреварот е како огледало на акцијата на теренот, давајќи на играта
вистинска и жива атмосфера.
• Преговарањето трансфер на играчите сега е потешко.
• Редизајниран е делот во играта за помош, трофеј собата и многу
поедноставни се менијата.
• Многу побрза е обуката на играчите и нивната селекција.
• Оптимизираната верзија за таблет корисници, овозможува подобра
графика и 3D анимации.
Жозе Мурињо, менаџер на Челзи и амбасадор за ,,Top Еleven,,
изјави: "Менаџирањето со фудбалот е работа на многу љубов и страст за
фудбалот. Но, за да се стане навистина успешен, исто така треба да се знае
сопствениот тим, многу да се мисли и секако да се надмудрат конкурентите.
Видео играта на Nordeus не е ништо поразлично од тоа, и токму поради
тоа и јас сум возбуден што сум вклучен во „Top Eleven” - играта е одличен
пример за тоа како совршено се вклопуваат тим менаџментот, вештините и
страста".- Top Eleven 2015 видео со Мурињо
Корисниците играјќи лесно може да се префрлат од нивниот smartphone на
нивниот таблет, и да продолжат со истата игра како досега, без губење на
напредокот – исто така може да се престане со игра на еден уред, а да се
продолжи на друг.
Играта може бесплатно да се симне и е достапна на IOS и Андроид од денес.