Објавен конкурсот за

Објавен конкурсот за "Најдобрите во југоистокот"

Шпаркасе Банка Македонија во соработка со Штаермеркише Шпаркасе и Универзитетот во Грац и оваа година ја продолжува програмата „Најдобрите од Југоистокот“, која им овозможува усовршување и понатамошна едукација на талентираните и посветени дипломци и студенти од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Македонија.

Програмата „Најдобрите од Југоистокот“ секоја година се усовршува и ги проширува областите од кои ги поддржува талентираните кандидати. Покрај досегашната поддршка за студентите од економските и правните факултети, како и техничките факултети, од оваа година за прв пат се проширува и за факултетите за музичка уметност.

Оваа програма им овозможува на студентите непроценлива можност да стекнат интернационално работно искуство, обука и понатамошна едукација, која би им овозможила полесна интеграција во деловниот свет.

Повеќе информации за програмата и начинот на аплицирање можете да погледнете на следнитe линкoви:

Eкономија и право;
Tехнологија;
Mузичка уметност.