Оглас за вработување во Охридска банка

Оглас за вработување во Охридска банка



Тимот на Охридска банка е во потрага по нов члеи!

Тие се исклучително посветени и организирани, талентирани, динамични, беспрекорно аналитични и со око за детали. Личниот интегритет и етиката да се на висока цена, a комуникациските вештини се задолжителни.

Доколку себеси можете да се препознаете во овие особини, а дополнително имате соодветно високо образование и најмалку 3 години искуство со ревизија, особено во финансиски институции, со задоволство ќе ја очекувааде Вашата професионална биографија (CV)! Дополнителна предност е поседување лиценца за овластен ревизор.

Ние Ви нудиме работа во меѓународна средина, динамично опкружување со бројни можности за обуки и развој. Станете дел од банка која прослави 150 години историја, која брои повеќе од 148.000 вработени на глобално ниво кои опслужуваат над 32 милиони клиенти дневно.

Вашите апликации испратете ги на е-пошта: kariera@ob.com.mk, не подоцна од 15 март 2015 година со напомена Ревизор.

Само со кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе биде контактирано за интервју.