Оглас за вработување во Џонсон Мети

Оглас за вработување во Џонсон Мети

Johnson Matthey Emission Control Technologies е светски лидер во производство и развој на технологии на Автокатализатори, кој работи според ISO/TS.16949 и ISO 14001 стандардите за квалитет во автомобилската индустрија, поврзани со најдобрата практика за животната средина.

Џонсон Мети обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува апликациите од соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикепираност, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.

Има потреба од вработување на

ПЛАНЕР ЗА МАТЕРИЈАЛИ
(Material Planner)
Реф. бр. 2015013

Џонсон Мети има потреба од Планер за материјали (Material Planner) кој ќе му се придружи на нашиот Оддел за Логистика во фабриката за автокатализатори во Скопје.

Позицијата подразбира одговорност за планирање на материјалите во интернационална компанија за производство на автокатализатори, како и способност за управување со информации, успешна комуницикација и извршување работни задачи во кратки рокови.

Вие ќе бидете одговорни за приспособување на барањата на клиентите во согласност со распоредот и динамиката на производството, како и за идентификување на потребите за снабдување со материјали, а во врска со производствениот процес

Позицијата вклучува обезбедување на потребни залихи според потребата на процесите и намалување на степенот на неискористеност на истите. Исто така, ќе имате активно учество во утврдување на слабите точки и проблемите во процесот и подобрување на производственото секвенционирање и сл.

Кандидатот е пожелно да поседува:
Универзитетска диплома (во областа на Логистиката или друга нумерички базирана дисциплина)
Минимум 1 (една ) година работно искуство во планирање на материјали
Способност за анализирање на детални производствени планови и добро познавање на производствени концепти и процеси
Напредно ниво на користење на Microsoft Office (Word & Excel) и познавање на САП (SAP) системот
Напредно ниво на владеење на англискиот јазик (пишан и говорен)
Самомотивирана личност со одлични комуникациски вештини
Способност за работа под притисок и со зададени временски рокови

Работно време: понеделник-петок 08.30-17.00ч.

Позицијата е привремена, во времетраење од една (1) година (замена за породилно отсуство)

Доколку сте заинтересирани испратете Ваша биографија и писмо за мотивација на англиски јазик на следнава e-mail адреса: mkjobs@matthey.com

Ве молиме Вашата биографија и писмо за мотивација да бидат испратени како MS Word документ и задолжително наведете го референтниот број на огласот во предметот на пораката. Во спротивно Вашата апликација нема да биде разгледана.

Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од една (1) година.

Краен рок за доставување апликации: 15/03/2015