Финските ученици немаат домашно се` до средно училиште

Финските ученици немаат домашно се` до средно училиште

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Финското образование се смета за едно од најдоброто во светот. Само најдобрите студенти можат да бидат наставници, а во една училница во просек има 12 ученици така што професорите имаат доволно време да им се посветат на сите деца.

 

ucenici


После секој предмет учениците имаат 15 минутен одмор, а кон крајот на основното и почетокот на средното образование учениците започнуваат редовно да добиваат домашни задачи.

Финските ученици редовно се наоѓаат меѓу најдобрите ученици од целиот свет. Нивниот образовен систем се прилагодил навреме и вовел иновации во школската програма поради која децата квалитетно го совладуваат материјалот. Се` до тинејџерските години, тие ретко добиваат домашни задачи такашто имаат доволно време за играње и вонучилишно активности.

Во оваа држава квалитетните наставници се најважниот сегмент на нивното врвно образование. Сите наставници во Финска мораат да имаат титула на магистер, а после завршувањето на преддипломските студии само 10%, односно најдобрите можат да се запишат на дипломски студии, без кои не можат да подучуваат деца.

Финска во самиот почеток на развојот на својата демократија ја препозна важноста на квалитетното образование па започна да вложува многу во едукацијата на своите деца. Главната цел на наставниците, а и на самото училиште е децата да научат, а помалку е важно да им се напиши оценка.

 

ucenici