Оглас за вработување во Агенција Рејтинг

Оглас за вработување во Агенција Рејтинг



Специјалист за комуникација на германски јазик

Агенција Рејтинг е специјализирана агенција за пазарни истражувања и контакт центар услуги која веќе осум години успешно работи на македонскиот пазар и пазарите во Европа. За потребите на нашите клиенти од земјите со германско говорно подрачје, креираме тимови за деловна комуникација во различни области кои работат по највисоки професионални стандарди во индустријата.

Заради зголемениот обем на работа и нови проекти, отворени се нови позиции за специјалист за комуникација и продажба со вработување на полно или пола работно време.

Задолжителни квалификации за оваа позиција се одлично говорење на германскиот јазик (минимум ниво Ц1, сертификат не е задолжителен), солидно познавање на пакетот МС офис и работа со компјутер.

За оваа позиција фиксната плата е над просечната, а со договорот се предвидени бонуси и награди според јасно определени критериуми. Други бенефиции кои ги нуди ова вработување се дополнителна надградба и обука за продажба и бизнис комуникација, можности за патување и вмрежување.

Заинтересираните треба да испратат кратка биографија и мотивациско писмо на нашата е маил адреса info@rating.mk . Во мотивациското писмо задолжително треба да се наведе нивото на познавање на германскиот јазик, како и детали за тоа како во досегашната работа јазикот е применуван. Исто така, добро е да се вклучат информации за тоа дали кандидатот престојувал во некоја од земјите со германско говорно подрачје, колку време и други релевантни информации за позицијата за која аплицира.

Со исполнување на условите, можноста за почеток со работа е веднаш. Искористете ја можноста да се приклучите кон професионален и мотивиран тим каде ќе се надградувате и напредувате во кариерата.