Во Јапонија наскоро ќе биде незаконски да не се земе годишен одмор

Во Јапонија наскоро ќе биде незаконски да не се земе годишен одмор

Подготвил: Драгана Петрушевска

Будење во 7:30 часот, одење на работа, работење 13 часа во канцеларијата, фаќање на воз до дома, јадење и спиење. Следниот ден повторување на истото. Добредојдовте во лудите работни денови на јапонските луѓе од средната класа.


Овој начин на живот понекогаш води до она што Јапонците го нарекуваат кароши, односно смрт од премногу работа. За да се реши проблемот, јапонската влада размислува за план со кој ќе ги принуди работниците да имаат пет денови одмор годишно.

За да видите како изгледа еден обичен работен ден во Јапонија, погледнете го видеото:



Плановите на јапонската влада се едноставни - сите ќе мора да имаат годишен платен одмор ор 5 дена во годината. Според истражувач кој го набљудувал феноменот кароши, луѓето таму буквално работат до смрт.

Луѓето таму веруваат дека колку повеќе работат толку се подобри. Проблемот не се само долгите часови, ами и интензитетот на работата.