Стипендии за посета на тримесечна сертифицирана академија за студенти од сите факултети

Стипендии за посета на тримесечна сертифицирана академија за студенти од сите факултети



Фондацијата Проф. д-р Ванчо Чифлиганец , која има за цел да ја  продолжи повеќегодишната филантропска традиција на проф. д-р Ванчо Чифлиганец и богатата корпоративна општествена одговорност на Адора инженеринг со поддршка и унапредување на образованието, науката, спортот, културата и уметноста во Република Македонија, во соработка со Националната Асоцијација на Престижни Академски Граѓани (НАПАГ), го распишуваат овој оглас за

СТИПЕНДИИ

на 10 најдобри студенти од сите факултети во Република Македонија за присуство на сертифицираната академија за развој на креативни, иновативни и бизнис-вештини

 ACADEMY ADORA INZENERING

 
1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА
- Студентот да има комплетирано најмалку една година од студии на прв циклус, на било кој факултет во Република Македонија
- Студентот да има просек повисок од 8.50

2. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
- Фокопија од потврда или страница во индекс за заверен трет семестар или повеќе
- Приложен индекс
- Краткa биографија (CV)

3. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

- Националната асоцијација на престижни академски граѓани е одговорна за прием на пријавите. Студентите може да се пријават во НАПАГ електронски на napag@napag.mk или на телефонскиот број 071 259 345 со оставање на податоци за нивно име, презиме, факултет, година, просек, контакт-телефон и email.

4. РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
- Последниот рок за пријавување е 15.04.2015 година

5. ОПИС НА СТИПЕНДИЈАТА
- Ќе се стипендира личниот развој на 10 најуспешни студенти од сите факултети во Република Македонија кои ќе имаат привилегија да присуствуваат на Academy Adora Inzenering, првата и единствена тримесечна сертифицирана академија чија цел е да го надгради нивниот голем потенцијал преку стекнување вештини неопходни за успех во 21виот век и кои се барани од работодавачите. Повеќе детали за академијата може да се најдат на: http://napag.mk/wp/?p=1397

6. СЕЛЕКЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ
- Процесот на селекција и финалната селекција на кандидатите ќе го направи НАПАГ врз основа на пратените апликации, при што само селектираните кандидати ќе бидат повикани на дополнително интервју во просториите на Националната асоцијација на престижни академски граѓани. Кандидатите кои ќе бидат избрани да ја добијат оваа стипендија, ќе присуствуваат на академијата која започнува во април 2015 година.

7. ЗА ФОНДАЦИЈАТА ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ
Фондацијата ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ е основана на 15-ти декември 2014 година како непартиска, хуманитарна, непрофитна фондација, со цел вршење на дејности и активности за унапредување и поддршка на образованието, спортот, културата, уметноста, заедницата.
Хуманитарната дејност на фондацијата за помагање на граѓаните и општеството за подобар живот, се темели на долгогодишната филантропска традиција на проф. д-р Ванчо Чифлиганец и на општествено одговорната посветеност на градежната компанија Адора инженеринг, како нејзина бизнис филозофија и препознатлив корпоративен имиџ. Повеќе информации можете да најдете на веб страната: www.fondacijacifliganec.org.mk/

8. ЗА НАЦИОНАЛНТАТА АСОЦИЈАЦИЈА НА ПРЕСТИЖНИ АКАДЕМСКИ ГРАЃАНИ (НАПАГ)
НАПАГ е првата асоцијација во Македонија кој има за цел да ги промовира и вмрежи најуспешните студенти од сите професии и универзитети и да им помогне да го искористат во целост својот потенцијал преку развојот на креативноста, иновативноста и претприемачките вештини. НАПАГ е самостојна, невладина, непрофитна и непартиска асоцијација на граѓани кои во својата земја и пошироко ги остваруваат своите лични и колективни права и слободи. Повеќе информации можете да најдете на веб страната: www.napag.mk