ХАЛКБАНК објавува оглас за ....

ХАЛКБАНК објавува оглас за ....

ХАЛКБАНК АД Скопје е брзорастечка банка составена од тим од млади, амбициозни и мотивирани вработени. Во согласност со нашата стратегија, ние сме секогаш отворени за нови, едуцирани, трудољубиви, високо мотивирани и талентирани кадри и воедно нудиме кариерен и професионален развој.

Согласно нашата експанзија и понатамошно ширење во Македонија, објавуваме оглас за прием на:

Референти за банкарски операции
во Скопје, Битола, Куманово, Радовиш, Велес, Струмица, Штип, Струга, Охрид, Ресен, Кичево, Кавадарци и Гевгелија

Референца Бр. 001/2015

Бараме лица кои се ориентирани кон грижа за клиентите, на работна позиција Референт за банкарски операции која опфаќа: прием, администрација и реализација на барањата на клиентите, вкрстена продажба, директен маркетинг на производите и услугите на Банката како и редовни парични и шалтерски операции.

Потребни квалификации и карактеристики:

- Универзитетска диплома од економските науки;
- Без искуство или со банкарско искуство до 3 години;
- Познавањето на банкарските операции со готови пари, контакти со клиенти ќе се смета за предност;
- Познавањето на англиски јазик е задолжително, додека познавањето на турски и/или албански јазик ќе се смета за предност;
- Ориентираност кон клиенти;
- Чесност и доверливост;
- Ориентираност кон маркетинг и промоција;
- Одлични комуникациски вештини;
- Ориентираност кон решавање на проблеми и критичко размислување;
- Професионален изглед и однесување.

Потребно е кандидатите да имаат познавања од најновите компјутерски технологии кои се во широка употреба.

Доколку сте заинтересирани за позицијата, ве охрабруваме да аплицирате најдоцна до 20 април 2015 на следниов е-маил: career@halkbank.mk со назнака: Референца Бр. 001/2015-Референт за банкарски операции и назначување на градот за кој аплицирате.

За да аплицирате, потребно е да ни го доставите вашето резиме (CV) на англиски јазик со фотографија, мотивациско писмо и препораки. Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Банката.

Во процесот на селекција, само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат контактирани и повикани на тестирање и/или интервју.