Оглас за вработување во Ван Хол

Оглас за вработување во Ван Хол

Van Hool Белгија во просек произведува годишно 1,400 автобуси и 4,000 комерцијални превозни средства од кои 80% се распространети низ светот. Van Hool Белгија е главен производител на автобуси во Европа со 4,000 вработени. Повеќе од 60 години Van Hool Белгија има репутација за дизајнирање и создавање на високо квалитетни и современи производи. 

Продолжуваме со процесот на селекција на вработени за потребите на нашиот нов производен капацитет Van Hool Македонија, којшто e изграден во Технолошко Индустриската Развојна Зона–Скопје 2, Бунарџик/Илинден, со планирано производство на автобуси за светскиот пазар. 

Моментално имаме потреба од: 
ТЕХНИЧАР ЗА КВАЛИТЕТ 

Одговорности и задачи:
- Влезна инспекција
- Oсигурување дека завршените активности од производството на Van Hool и од добавувачите се во согласност со дадените спецификации, вклучувајќи и финална проверка на производот
- Надгледување на примената на системот за квалитет во сите фази од производнтата линија, преку проверки и ревизии
- Истражување за неправилностите и предлагање корективни и превентивни мерки, процес аудит
- Проверка на контролната книга, функционалноста, тест возење, воден тест, реинспекција после поправката на пронајдените забелешки на финалниот производ

Потребни квалификации:
- Универзитетска диплома – Машински Инженер
- Претходно работно искуство во сектор за квалитет во автомобилскиот сектор
- Способност за прецизна работа со детали
- Способност за работа под притисок и кратки рокови
- Напредно познавање на Microsoft Office
- Течно зборување и пишување на Англиски и Македонски јазик
- Д категорија ќе се смета за предност.

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV на Англиски и/или Македонски јазик на следнава email адреса:

jobs.mk@vanhool.be

Ве молиме Вашето CV да биде испратено со назнака во насловот на пораката за позицијата за која аплицирате, во спротивно Вашата апликација нема да биде разгледана. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база во времетраење од 12 месеци.

Краен рок за доставување на апликациите: 13/05/2015