Оглас за вработување во Триглав Осигурување

Оглас за вработување во Триглав Осигурување

Триглав Осигурување АД, Скопје е акционерско друштво регистрирано и со седиште во Република Македонија кое што  врши трговска дејност од областа на неживотното осигурување.

Друштвото е иницијално основано во 1968 година како мала единица на ЗОИЛ Југославија и ЗОИЛ Белград, за да веднаш потоа работната единица во Македонија се зголеми и прошири во Филијала со статус на правно лице на новоформираниот  Зоил Дунав Београд.

 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

Одлични организациски и комуникациски вештини
Основни компјутерски вештини
Самоиницијатива, посветеност, проактивност, одговорност, насоченост кон резултати
Најмалку 4 годишно средно образование
Пожелно работно искуство во соодветната област
Возачка дозвола Б категорија.


НУДИМЕ

Вработување во реномирана, интернационална компанија
Работен однос на полно или неполно работно време, во зависност од работното искуство во областа
Дополнителна провизија на основната плата за реализација на поставени цели
Работно место во областа на ГЕВГЕЛИЈА.
Основната нето плата изнесува 13.715,00 мкд и повеќе, за работен однос на полно работно време, во зависност од квалификациите на кандидатот.

Кратка биографија (CV), мотивациско писмо и останати документи може да испратите на e-mail: vrabotuvanje@triglav.mk до 25.05.2015 година. Само кандидатите што ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на интервју. Процесот на избор на кандидат ќе заврши заклучно со 30.06.2015 година.