Оглас за вработување во Џонсон Мети

Оглас за вработување во Џонсон Мети

IT SUPPORT ANALYST
Реф.бр. 2015031

Џонсон Мети има потреба од АНАЛИТИЧАР ЗА ИТ ПОДДРШКА (IT SUPPORT ANALYST) кој ќе му се придружи на нашиот тим во Скопје

Под раководство на Менаџерот за ИТ, обврските на кандидатот вклучуваат:

Овозможување дневна поддршка, консултации, обуки, инструкции, решавање проблеми на корисниците на софтвер, хардвер, мрежа и соодветни компјутерски системи во компанијата Инсталирање на програми, принтери и поврзување на мрежа
Менаџирање на кориснички имиња и одржување соодветно ниво на безбедност на истите, Ревизија на системите и давање препораки за подобрување на истите
Анализа, планирање и имплементација на поефикасни и ефективни практики за корисниците и сл.

Идеалниот кандидат треба да поседува:
Универзитетска диплома (од областа на информациски технологии)
Најмалку три (3) годишно ИТ искуство, пожелно во производствена средина
Искуство со и познавање на Microsoft Windows, TCP/IP LAN networking
Пожелно: Microsoft и/или CISCO сертификат, искуство co VMvvare, Symantec backup solutions, CISCO based networking, MS SQL Server
Неопходно e одлично писмено и усмено владеење на англискиотјазик
Способност за решавање на проблеми со логичен пристап, аналитички способности
Способност за развивање, имплементирање и поддршка на решенија
Работно време: ПонПет, 08. 30ч17. 00ч

Доколку сте заинтересирани испратете Ваша биографија и писмо за мотивација на англиски јазик на следнава email адреса: mkjobs@matthey.com.


Ве молиме Вашата биографија и писмо за мотивација да бидат испратени како MS Word документ и задолжително наведете го референтниот број на огласот во предметот на пораката. Во спротивно Вашата апликација нема да биде разгледана.

Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од една (1) година.

Краен рок за прием на апликациите е: 15/05/2015