"Пиреј" од Петре М. Андреевски - богатство на јазикот и распеаност на чувствата

„Племето наше е пиреј и не го ништи ни една војска! Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата и пак ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева!“


Сте се запрашале ли некогаш од каде доаѓа овој цитат со којшто сите Македонци се поистоветуваат и повикуваат до ден денес?! Сега е моментот да дознаете!

Неговите романи, прози и поезии се поистоветуваат со стогодишните страдања, живеења и тежнеења на македонскиот народ и желбата за подобро утре. Затоа Петре М. Андреевски спаѓа во групата на еден од ретките писатели што толку добро, преку пишаниот збор, го има објаснато македонското битие.

Неговата желба и настојување да ги открие, маркира, идентификува и изнесе темните страни на човекот, ликот, битието, воедно и народот кој што го опишува, ја прави Пиреј одлично олицетворение на еден од најтешките моменти на македонската историја воопшто. Без желбата пак, од друга страна, да се дијагоностицираат, да се излечат темните страни, нема да ја добијат вистинската светлина која што ја заслужуваат.

Врз нивната тешка, дебела сенка, Петре М. Андреевски настојува да вметне уште поголема светлина и потрајна светлина. Смртта, која со право можеме да ја наведеме како основен двигател и мотив во поголем број од неговите дела, Андреевски ја објаснува како само еден рационален крај од животот, една неминовност, етепа, фаза кој сите ние ќе ја возвишеме...

Историскиот процесс на романот го опфаќа период за време на Балканските војни, Првата Светска Војна и Пост – Веониот период на територијата на етничка и географска Македонија. Се опишува секој сегмент од историскиот тек. Се опишува животот под Османлиската окупација и нејзниот секојдневен живот, преплетен со сите ритуали, начини на живеење, размислувања и чуствувања. Како што работите ескалираат, Петре М. Андреевски на еден исклучително добар начин го опишува размислувањето на обичниот селанец, во период каде што писменоста, на територија на Македонија, е сеуште занает. Размислувањата се огледало на нивната поделеност и завземањето српска или бугарска страна, како и за мислењето за европејците кои минуваат кон фронтот. Една вистинска, уникатна слика за Македеноцет во тој период и процесот на негова асимилација и денационализација.

Неговата творечка способност е одлик на еден модерен поет, олицетворена во неговото монументално дело Пиреј. Овој роман за многумина претставува празник на сликата, богатсво на јазикот, раскош на исказот и распеаност на чуствата какви што беа Јон, Велика и Меглен во моментите на радост, среќа, тага, беда, војна, неукост, болест, глад и студ.

Нејзината способност, да во моменти на разнишаност, тага, страв, да не потсети за што живееме и за што се бориме...


Христијан Цветковски