Јавен избор за WIZZ амбасадори

Јавен избор за WIZZ амбасадори

Wizz Air, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, денес го најавува лансирањето на јавниот избор за WIZZ абмасадори, базиран на селекција на социјалните медиуми. WIZZ Амбасадорите ќе ја претставуваат компанијата во заедницата и на разни медиумски настани, во период од две години, а истовремено сите они се и членови на визеровата пилотска кабина, позната во индустријата по супериорната услуга и фокусот на патниците.

Гласањето е отворено за сите WIZZ патници или фанови и се одвива преку наменска апликација на Фејсбук Фан страницата на Wizz Air. Фановите ќе го направат конечниот избор од 39 амбасадори во секоја земја - три во земјите со повеќе Виз бази и во две земји со по една база. Во Македонија патниците ќе можат да одберат помеѓу 3 предложени финалисти и да гласаат за Александра Спасевска, Кристина Никовска и Борис Стојчев.







WIZZ бара од гласачите да ги изберат оние кандидати кои, според нивното мислење, покажале извонредна професионализам и кој постојано се стремeле кон усовршување на својата усулуга која ја нудат на патниците. Одбраните WIZZ амбасадори ќе бидат многу повеќе од обични бренд амбасадори. Тие се најдоброто од најдобрите од пилотската кабина и они ќе ги претставуваат своите колеги, зборувајќи на медиумите за нивната работа, школските часови, детските згрижувања и многу други работи кои ги инспирирале за време на возбудливиот живот како стјуард/стјуардеса. WIZZ Aмбасадорите со задоволство ќе ги споделат своите тајни за успехот и ќе ги охрабруваат сите во градењето на кариера во воздухопловството или подобро ќе ги запознаат со поволностите и предизвиците од живеењето на “Живот на високо”.

Owain Jones, Главниот Корпоративен Директор изјави: “Пилотската кабина WIZZ, споделува страст кон работата и ги убедува за безбедноста, патниците кои патуваат со нив. Од сега до 24 јуни ги повикуваме сите нашите патници да гласаат за оние кои најповеќе ги препознаваат и да одлучат кој од екипажот од нашата пилотска кабина ќе го претставува подмладениот WIZZ бренд во локалната заедница, за време на добротворните настани и ќе ја споделува својата возбудлива кариера во медиумите. Во Македонија сега патниците ќе можат да гласаат помеѓу трите предложените финалисти, на: https://apps.facebook.com/wizz-air-ambassadors/.