Оглас за вработување во Макпетрол

Оглас за вработување во Макпетрол

Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и 7 од Законот за работни односи, „Макпетрол" А. Д.- Скопје распишува  За вработување на 1 (еден) работник на определено време од 5 (пет) месеци на работно место стручен соработник во Дирекцијата за правни работи.


Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
-Завршено високо образование
- Правен факултет
- Положен правосуден испит
- Работно искуство минимум 1 (една) година во правни работи, по завршување на Правосудниот испит.

Дневното работно време за горнаведеното работно место е од 08:00 часот до 16:00 часот.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до петок.

Висината на основната бруто плата за горнаведеното работно место изнесува 22. 800 денари.
Прекувремената работа, работата за време на неработни денови или на денови на празници е платена согласно законските и подзаконските одредби. 

Заинтересираните кандидати треба да достават: Писмо за мотивација; Кратка биографија;
Копија од диплома за завршено образование; Копија од други стекнати дипломи и уверенија;  
Уверение за неосудуваност. Потребните документи да се достават на адреса: „Макпетрол" А. Д.- Скопје Сектор за човечки ресурси ул. „Св. Кирил и Методиј" бр. 4- Скопје  лице за контакт: Сања Гермовска телефон за контакт: 02/3146491 По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде извршено тестирање. Кандидатите кои ќе покажат најдобри резултати на тестирањето, ќе бидат повикани на интервју. Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, a согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи. Кандидатите кои нема да достават целосна документација, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид. Рокот за пријавување почнува со денот на објавувањето на огласот и трае 5 (пет) работни дена. „МАКПЕТРОЛ" А. Д.- СКОПЈЕ