Trainees програма во ЕВН Македонија

Trainees програма во ЕВН Македонија

EВН Македонија е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Р. Македонија. На македонскиот пазар компанијата влезе во 2006-та година како дел од групацијата EVN. Нашата најзначајна цел е сигурно и квалитетно снабдување на корисниците со електрична енергија по конкурентни цени.

Денес е поважно од било кога да имате партнер во кариерата на кој можете да сметате, компанија која нуди можности и перспективи за личен и професионален развој како во земјата така и во меѓународни рамки. Ние Ви ја нудиме таа можност.

Trainees програма во ЕВН Македонија

За одделот Инфраструктура потребни се лица:

• Машински факултет – смер Моторни возила (апсолвенти или дипломирани лица)
• Планирање и управување со возниот парк
• Градежен факултет - смер Конструкции или Архитектонски факултет (апсолвенти или дипломирани лица)


Програмата овозможува вработување во времетраење од една година на студенти во последната студиска година или дипломирани кандидати. Учесниците во програмата специјализираат во одредена област во согласност со образовниот профил и ротираат во повеќе организациски единици под континуиран надзор од ментори кои се искусни професионалци. Притоа преку конкретни активности и задачи тие за краток период ја запознаваат компанијата и се здобиваат со значајно искуство и вештини. На крајот на програмата постои можност за вработување на најдобрите учесници.


Доколку сметате дека имате потенцијал и желба за високи постигнувања доставете ни биографија и мотивационо писмо на work@evn.mk.


Ги очекуваме Вашите апликации најдоцна до 08.07.2015 година.