Оглас за вработување во Макпетрол

Оглас за вработување во Макпетрол

Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и 7 од Законот за работни односи, "Макпетрол" А. Д. - Скопје распишува ОГЛАС За вработување на:

(1) Еден работник на определено време од 5 (пет) месеци на работно место манипулант - општ работник во Полнилница Миладиновци - ТНГ, Дирекција за големопродажба.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
- завршено основно образование.

Дневното работно време за горнаведеното работно место се одвива во двесмени, со почеток 1ва смена од 07:00 часот до 15:00 часот, 2ра смена од 15:00 часот до 22:00 часот. Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до сабота. Висината на основната плата за горнаведеното работно место изнесува 15.600,00 денари. Прекувремената работа, работата за време на неработни денови или на денови на празници е платена согласно законските и подзаконските одредби.

Заинтересираните кандидати треба да достават:
- Писмо за мотивација;
- Кратка биографија;
- Копија од диплома за завршено образование;
- Копија од други стекнати дипломи и уверенија;
- Уверение за неосудуваност.

Потребните документи да се достават на адреса: "Макпетрол" А. Д.- Скопје Сектор за човечки ресурси ул. "Св. Кирил и Методиј" бр. 4, Скопје.

Лице за контакт: Сања Гермовска.
Телефон за контакт: 02 3 146 491