Најчитаните книги на сите времиња

Најчитаните книги на сите времиња

Подготвил: Тамара Гроздановски

Многу листи на најпродавани инајчитани книги се објавени од страна на сериозни и помалку сериозни истражувачи, магазини и портали. Меѓу тие листи, често се воочуваат прилично значајни разлики, како што ќе забележите и тука.

 

книги


Иако скоро е невозможно да се утврди листата на најчитани книги на сите времиња, ние направивме споредба на неколку такви листи.

Листите се формирани врз основа на проценки од различни независни извори. Формирани се категории на поединечни книги и серија на книги, како и категории по класи од вкупниот број на продадени примероци.

Очигледно е дека авторите и читателите се сложуваат во едно, а тоа е дека првото место го зазема Дон Кихот како најдобра книга на сите времиња според изборот на авторите, и како најпродавана книга на сите времиња. Слично може да се каже и за Малиот принц и за Приказна за два градови.

Книги со продажба на преку 100 милиони примероци


1. Дон Кихот, Мигел де Сервантес - 1605 година, 315 милиони примероци.

2. Приказна за два градови, Чарлс Дикенс - 1859 година, 200 милиони примероци

3. Господар на прстените Џ.Р.Р.Толкен - 1954-1955 година, 150 милиони примероци

4. Хобитот, Џ.Р.Р. Толкен - 1937 година, 140.6 милиони примероци

5. Малиот принц, Антоан де Сент Егзипери - 1943 година, 140 милиони примероци

6. Хари Потер и каменот на мудроста, Џ.К. Ролинг - 1997 година, 107 милиони примероци

7. Десет мали црнци, Агата Кристи - 1939 година, 100 милиони примероци

8. Сонот на црвената соба, Цзјао Хшечин - 1754 година, 100 милиони примероци

9. Таа: Историја на авантурата, Х.Рајдер Хагард - 1887 година, 100 милиони примероци

Книги со продажба од 50 до 100 милиони примероци

Не е без причина тоа што Хари Потер се смета за феномен, ане само со серијалот од книгите за деца. Во оваа категорија, поединечни делови од серијалот ја заземаат половина листа.

1. Лав, вештица и орман, К.С Луис - 1950 година 85 милиони примероци

2. Кодот на Да Винчи, Ден Браун - 2003 година, 80 милиони примероци

3. Мисли и збогати се, Наполеон Хил - 1937 година, 70 милиони примероци

4. Хари Птер и полукрвниот принц, Џ.К.Ролинг - 2005 година, 65 милиони примероци

5. Ловец во жито, Џ.Д.Салингер - 1951, 65 милиони примероци

6. Алхемичарот, Пауло Коелјо - 1988 година, 65 милиони примероци

7. Хари Потер и одајата на тајни, Џ.К.Ролинг - 1998 година, 60 милиони примероци

8. Хари Потер и затвореникот од Азкабан, Џ.К.Ролинг - 1998, 55 милиони примероци

9. Хари Потер и огнениот пехар, Џ.К.Ролинг - 2000 година, 55 милиони примероци

10. Хари Потер и редот на Фениксот, Џ.К.Ролинг - 2003 година, 55 милиони примероци

Книги со продажба од 50 милиони примероци

Оваа категорија најмногу ќе им одговара на вистинските познавачи на книжевноста и постарите читатели.

1. Хари потер и даровите на смртта, Џ.К.Ролинг - 2007 година, 50 милиони примероци

2. Сто години самотија, Гарбиел Гарсија Маркез - 1967 година, 50 милиони примероци

3. Лолита, Владимир Набоков - 1955 година, 50 милиони примероци

4. Хајди, Јохана Шпири - 1955 година, 50 милиони примероци

5. The Common Sense Book of Baby and Child Care, Д-р Бенџамин Спок - 1946 година, 50 милиони примероци

6. Ана од зелените покриви, Луси Мауд Монтгомери - 1908 година, 50 милиони примероци

7. Црниот убавец, Ана Севел - 1877 година, 50 милиони примероци

8. Името на ружата, Умберто Еко - 1980 година, 50 милиони примероци

9. Орелот слета, Џек Хигинс - 1975 година, 50 милиони примероци

10. Watership Down, Ричард Адамс - 1972 година, 50 милиони примероци

11. Извештајот на Хаит, Шере Хаит - 1976 година, 50 милиони примероци

12. Пајажината на Шарлота, Елвин Брукс Вајт - 1976 година, 50 милиони примероци

13. The Ginger Man, Џејмс Патрик Данливи - 1955 година, 50 милиони примероци

14. Мостовите на округот Медисон, Роберт Џејмс Волер - 1992 година, 50 милиони примероци

15. Бен Хур: Приказна за животот на Исус, Лу Валас - 1880 година, 50 милиони примероци

16. The Mark of Zorro, Џонстон МекКули - 1924 година, 50 милиони примероци

Најпродаваните серии книги на сите времиња

Серии на книги со продажба над 200 милиони примероци

1. Хари Потер, Џ.К.Ролинг - 1997-2007, 450 милиони примероци

2. Goosebumps, Роберт Лоренс Стеин - 1992-1997, 300 милиони примероци

3. Пери Мејсон, Ерл Стенли Гарднер - 1933-1970, 300 милиони примероци

4. Berenstain Bears, Стен и Јан Бернстеин - 1962, 260 милиони примероци

5. Choose your own adventure, различни автори - 1979-1998, 250 милиони примероци

6. Sweet Valley High, Франсин Паскал - 250 милиони примероци

7. Ноди, Енид Блајтон - 1949, 200 милиони примероци

8. Ненси Дру, различни автори - 200 милиони примероци

9. The railway series, В.Одри, Кристофер Одри - 1945-2011 година, 200 милиони примероци

10. Сан Антонио, Фредерик Дард - 200 милиони примероци

11. Роберт Лангдон, Ден Браун - 2000 година, 200 милиони примероци

Серии книги со продажба од 150 до 200 милиони примероци

1. Тhe baby sitters club, Ан Мартин - 1986 година, 172 милиони примероци

2. Војна на ѕвездите, различни автори - 1977 година 160 милиони примероци

3. Little critter, Мерсер Мејер - 1975 година, 150 милиони примероци

4. Peter Rabbit, Беатрикс Потер - 1902 година, 150 милиони примероци

Серии на книги со продажба од 100 до 150 милиони примероци

1. Пилешка супа за душата, Џек Канфилд, Марк Виктор Хансен - 1997 година, 130 милиони примероци

2. Френк Меривел, Гилберт Патен - 1896, 125 милиони примероци

3. Дирк Пит, Клајв Куслер - 1935-1939, 120 милиони примероци

4. Мусаши, Еиџи Јошикава - 1935 - 1939 година, 120 милиони примероци

5. Американска девојка, различни автори - 1986 година, 120 милиони примероци

6. Хрониките на Нарнија, К.С.Луис - 1949-1954, 120 милиони примероци

7. Mr.Men, Роџер Харгривс, Адам Харгривс - 1971 година, 120 милиони примероци

8. Самрак, Стефани Мајер - 2005 година, 120 милиони примероци

9. Diary of a wimpy kid, Џеф Кини - 2007 година, 120 милиони примероци

10. Клифорд, големото црвено куче, Норман Бридвел - 1963, 110 милиони примероци

11. Џејмс Бонд, Иан Флеминг - 1953 - 1966, 100 милиони примероци

12. Мартине, Гилберт Делаје, Марсел Марлиер - 1954 година, 100 милиони примероци

13. Педесет нијанси сиво, Е.Л.Џејмс - 2011-2012, 100 милиони примероци

Најчитаните книги на сите времиња според Џејмс Чапман

1. Библијата - 3.9 милијарди примероци

2. Цитати на Мао Це-Тунг - 820 милиони примероци

3. Хари Потер, Џ.К. Ролинг - 400 милиони примероци

4. Господар на прстените, Џ.Р.Р.Толкин - 103 милиони примероци

5. Алхемичарот, Пауло Коелјо - 65 милиони примероци

6. Кодот на Да Винчи, Ден Браун - 57 милиони примероци

7. Самрак, Стефани Мајер- 43 милиони примероци

8. Одвеано од виорот, Маргерт Мичел - 33 милиони примероци

9. Мисли и збогати се, Наполеон Хил - 30 милиони примероци

10. Дневникот на Ана Франк, Ана Франк - 27 милиони примероци