Да му помогнеме на тимот од Македонија кој треба да учествува на

Да му помогнеме на тимот од Македонија кој треба да учествува на "9та Меѓународна олимпијада по астрономија и астрофизика"

Почитувани читатели на факултети.мк

Добивме еден допис кој би сакале да го споделиме заедно со вас. Се работи за тимот од Македонија кој треба да учествува на „9та Меѓународна олимпијада по астрономија и астрофизика“, но за жал, немаат финансиски средства. Затоа, заедно да им помогнеме за да може достоинствено да ја представуваат Македонија на овој престжен натпревар.



Во прилог ви ја пренесуваме нивната молба.

"Како членови на македонскиoт тим за учество на овогодинешната  „9та Меѓународна олимпијада по астрономија и астрофизика“, Ви ја упатуваме оваа порака со цел да добиеме можност преку Вашиот медиум да се обратиме кон повеќе потенцијални спонзори, којшто финансиски би го овозможиле нашето учество на оваа олимпијада.

            Овогодинешниот тим за „9тата Меѓународна олимпијада по астрономија и астрофизика“, којашто ќе се оддржи во Централна Јава, Индонезија, во периодот од 26.07.2015 до 05.08.2015, беше избран согласно резултатите од натпреварот по астрономија кој се одржа во рамки на „17тата Зимска Астрономска Школа“, оддржана во периодот 27-28.03.2015 год. од страна на „Македонското астрономско друштво“. Така како тим бевме избрани ние, како и двајца лидери на тимот:

            1. Филип Симески (лидер)
            2. Станиша Вељковиќ (лидер)
            3. Ангела Митровска (натпреварувач)
            4. Андреј Симески (натпреварувач)
            5. Дејан Максимовски (натпреварувач)
            6. Оливер Васевски (натпреварувач)
            7. Роберт Јованов (натпреварувач)

            Откако дознавме дека сме членови на овогодинешниот тим ние набргу се зафатвме со барање исплатливи авионски билети, како и спонзорства со кои би можеле финансиски да ги обезбедиме истите. Спонзорство имаат добиено двајца натпреварувачи, но поради постепеното поскапување на авио-билетите, сега сме во ситуација кога мораме да го испратиме ова барање до Вас од името на сите.

            Потребните средства за нашето учество вклучуваат седум авионски билети со цена од 1450 евра, а со вклучување на претходно добиените спонзорства, за целиот тим вкупната сума изнесува 8600 евра. За учество на македонскиот тим потребно е учество на најмалку еден од избраните лидери.

            Затоа го упатуваме ова барање до Вас, со надеж дека преку Вашиот медиум ќе добиеме можност ова наше барање да стигне до повеќе граѓани и институции кои би сакале да помогнат, а со тоа да го овозможат и нашето учество на оваа престижна олимпијада, на која Македонија веќе трета година учествува, покажувајќи солидни резултати на истата. Можноста да се испрати тим на олимпијадата ќе е успех за нас, но и голема шанса да се промовира нашата земја. Сметаме дека недостатокот на финансии не би требало да застане на патот на успехот и затоа се надеваме дека некој ќе ни ја овозможи шансата да сме дел од овај реномиран натпревар."

На следниот линк може да донирате средства

http://www.gofundme.com/zh8zsrg