Оглас за вработување во АПАВЕ СЕЕ

Оглас за вработување во АПАВЕ СЕЕ



АПАВЕ СЕЕ е компанија која се занимава со услуги кои опфаќаат техничка инспекција во сектор на нафтената индустрија (Oil & Gas). Нашиот кадар на вработени опфаќа круг на специјализирани инженери кои работат претежно низ Европа, Западна Африка и Југоисточна Азија.

Должејќи се на нашата експанзија во регионов, АПАВЕ вработува:

1. 10 Машински инженери

Квалификации:
- Завршено високо образование – Машински Факултет
- Одлично познавање на Англиски јазик
- Високи комуникациски способности и подготвеност за работа надвор од Македонија
- Физичка и психичка способност за работа на висина

Предност ќе имаат кандидатите со претходно искуство/познавање при испитување без разорување, техничка контрола, управување со системи за квалитет итн.

2. 6 Машински техничари

Квалификации:
- Техничко образование и претходно работно искуство
- Одлично познавање на Англискиот јазик
- Високи комуникациски способности и подготвеност за работа надвор од Македонија

Сите заинтересирани треба да испратат кратка биографија до: recruitmentsee@apavesee.com

Успешните кандидати ќе бидат најпрво повикани на иницијален разговор и тестирање на основните познавања во својата професија.

АПАВЕ СЕЕ понатаму вложува во своите вработени со што организира дополнителни курсеви и тренинзи кои допридонесуваат до зголемување на квалификациите и техничко познавање на инспекторите.