Отворено е ново работно место во Шпаркасе Банка... Нето плата - 30.000,00 денари

Отворено е ново работно место во Шпаркасе Банка... Нето плата - 30.000,00 денари

ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ, дел од групацијата Steiermärkische Bank und Sparkassen AG од Австрија, како комерцијална банка на македонскиот финансиски пазар, ги нуди сите современи и високо квалитетни финансиски производи и дава поддршка на физичките и правни лица, со особено внимание кон малите и средни трговски друштва. 

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје за своите потреби огласува слободнa работнa позициja: 

САМОСТОЕН СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОЛАТЕРАЛИ – ОВЛАСТЕН ПРОЦЕНИТЕЛ, СЕКТОР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИ (1 позиција, Централа - Скопје, неопределено време, со вклучена пробна работа од 6 месеци) 

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

- ВСС, градежен или архитектонски факултет;
- 5 години работно искуство во релевантна област;
- одлично познавање на постоечкиот пазар на недвижности;
- поседување уверение за вршење проценки за недвижен имот, согласно важечката законска регулатива;
- добри организациски и комуникациски вештини, јасен израз, независност, интегритет, прецизност, доверливост, работа во динамична средина, ориентираност кон тимска работа;
- одлично познавање и работа на компјутер (MS Office и Outlook Express);
- oдлично познавање на англиски јазик, предност имаат кандидатите кои го познаваат и германскиот јазик (препорачливо поседување официјален сертификат);
- возачка дозвола - Б категорија.

Опис на работното место/одговорности:

- анализа на формалните и вредносните аспекти на понудените колатерали;
- изготвување на прелиминарно мислење за адекватноста на инструментите за обезбедување (економски аспект);
- евалуација и репроценка на колатералите по потреба (економска анализа на проценка на вредноста на колатералот и евентуална корекција);
- мониторинг известување, конторола и иницирање на корективни активности поврзани со колатералите;
- одговорност во врска со следењето на пазарните движења во делот на недвижниот и движниот имот.

Работно време: дневно од 08:00 до 16:00 часот, 40 часа неделно, од понеделник до петок, работа во една смена – претпладне.

Почетна основна месечна нето плата: 30.000,00 денари.

Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горе наведените услови потребно е да испратат резиме (CV) и придружно писмо со наведување на работното место и доказ (уверенија, дипломи, препораки) за исполнување на условите, по пошта или да ги достават лично документите на адреса: ул.Македонија 9-11, Скопје, најдоцна до 31.08.2015 година.

Само апликациите кои ги исполнуваат потребните квалификации и услови поткрепени со докази ќе бидат повикани на тестирање и интервју. Пристигнатите апликации после наведениот рок, апликации пристигнати по e-mail, како и некомплетните апликации нема да бидат предмет на разгледување.